29 Септември, 2024
0.0299

БЕРЗАТА ПОПУШТИ ПРЕД КОМПАНИИТЕ: Новите правила годинава не се обврска, туку опција

Објавено во: Економија 04 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Македонска берза ретерираше и попушти пред барањето на компании, членки на Стопанската комора кои побараа одложување на примената на новиот Кодекс за корпоративно управување кој важи за котирани компании. Имено на последниот ден од минатата, 2021 година, стапиле на сила новите измени на Правилата за котација откако берзата направила промена во Кодексот. Со измените обврската за примена на овој Кодекс повеќе не е обврска за компаниите туку само опција. Претходно во декември дел од компаниите кои котираат на берза реагираа дека ако се обврска тие не можат да стигнат и да ги применат барањата кои Македонска берза ги има со новиот Кодекс за корпоративно управување. Тврдеа дека е нелогично што измените се однесуваат за цела 2021 година односно ретроактивно.

„Со направените измени императивната обврска за промптна примена на Кодексот се трансформира во опција за друштвата. Имено, котираните акционерски друштва самостојно, врз основа на нивната проценка и деловна политика ќе одлучат дали во нивните годишни извештаи за работење во 2021 година што ќе ги усвојуваат во 2022 година ќе известат за досегашната примена на корпоративните практики предвидени во новиот Кодекс. Ова нормативно решение е донесено имајќи ги предвид барањата на дел од котираните друштва кои за динамиката на имплементација на новиот Кодекс реагираа преку Стопанската комора, стои во известувањето од Македонска берза.

Сепак по истекот на 2022 година примената на Кодексот ќе биде задолжителна за сите друштва што ќе ги исполнуваат пропишаните критериуми. Од берзата велат дека во новиот Кодекс за корпоративно управување се вградени најсовремени добри меѓународни практики и тој ќе има повеќекратни позитивни долгорочни импликации во работењето и имиџот на котираните акционерски друштва.

„Берзата ги охрабрува и поттикнува сите засегнати котираните друштва да започнат со примена на новиот Кодекс уште во 2022 година, односно да известат за своите моментални корпоративни практики согласно одредбите во Кодексот, особено имајќи го предвид фактот дека известувањето за примената на Кодексот се прави според принципот „примени или појасни зошто не си применил“, велат од берзата.

Компаниите кои реагираа тврдеа дека ниту една компанија нема да го исполни барањето, затоа што тоа невозможно и беа децидни дека ако инсиститрањето остане, тоа ќе биде лошо за реномето на компаниите кои ќе имаат негативни рефренци.

“Компаниите треба да вградат соодветна изјава за усогласеност за корпоративно управување во годишните извештаи за оваа 2021 година, односно ретроактивно, а за тоа се известени во ноември месец, односно при крајот на годината. За да се вметне таа изјава од друга страна, треба да се прават усогласувања кои мора да поминат на акционерски собранија, не може да се менува туку така, треба да се менуваат и интерни акти, надлежности на управните и на надзорните одбори. Дополнително дел од овие барања не се усогласени со Законот за трговски друштва, изјави тогаш за Фактор Анета Трајковска од Стопанската комора

Од Комората тврдеа дека процесот на носење на новиот Кодекс не бил целосно транспарентен и бараа да биде одложен односно да важи од пролетта  во 2023, а за тоа да се вгради соодветна изјава во годишните изјави за работа за 2022 година.

Инаку преку Комората на ова реагираа дваесетина копании кои котираат на берза, но како што велат оттаму, станува збор за реномирани фирми, дел од нив и со странски сопственици.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи