БЕСА ќе „атакува“ на град Скопје
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017
Движењето „БЕСА“ има амбиција да се трка на локалните избори и со свој кандидат ќе истрча во град Скопје. Како најсериозен засега се споменува Беким Сали. Тука БЕСА ќе настапи сама заедно со своја советничка листа, додека пак во неколку скопски општини ќе коалицираат со останатите албански партии.
Алијансата за Албанците во Скопје ќе го кандидира Наим Бајрами, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека Трајановски ќе бара трет градоначалнички мандат по ред, додека пак СДСМ го истакнаа Петре Шилегов како главен адут.