28 Март, 2024
0.0254

БЕСА обвинува дека автопатот Скопје – Блаце е нереализрано ветување на ДУИ

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Иако илјадници пати функционерите на ДУИ ветија изградба и пуштање во употреба на автопатот Скопје – Блаце, до денес такво нешто не е реализирано, обвинуваат од партијата БЕСА.

Од таму велат дека високи функционери на ДУИ честопати го посетувале ова место, лажејќи дека овој пат наскоро ќе биде во функција и ќе ги поврзе Република Северна Македонија и Република Косово.

„Нивните празни ветувања сега завршуваат, затоа што дури и нивните чести лаги се трошат.

Ние сме тука иронично да ја пренесеме пораката за неуспесите на функционерите на ДУИ, да ги пресечеме лентите на нивните неуспеси и симболично да го отвориме овој пат кој сè уште не започна да се гради, со цел да се им овозможи на граѓаните слободно да се движат меѓу двете држави!

Знаејќи дека конкуренцијата е голема за сечење на лентата, ги повикувам мирно да ја пресечат црвената лента и да го решат овој повеќегодишен проблем.

Инаку, ДУИ е позната и како „субјект на црвена лента“ затоа што многу проектни ленти се исечени, но за жал не се завршени“, потенцираат од БЕСА.

Младинскиот форум на Движењето БЕСА, истакнуваат, „чекор по чекор ќе ги следи сите неуспеси на ДУИ и ќе биде моќен глас за манипулациите на ДУИ и владата, која што секој ден ја губи довербата кај граѓаните поради неисполнување на изборните ветувања“.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?