26 Април, 2024
0.0313

Бесими демантира: Не се враќам во политика

Објавено во: Економија 17 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Фатмир Бесими, поранешниот министер за економија, демантираше дека на инсистирање на ДУИ ќе ја замени Анита Ангеловска - Бежовска како гувернер на Народна банка за таа да може да ја превземе испразнетата министерска функција во Министерството за финансии.

Вели дека моментов е посветен на академската професија и на универзитетската работа и дека нема намера да прифати каква било државна должност. Обраќајќи се до весникот Коха, Бесими вели дека неговиот приоритет, како и општото добро, останува членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската унија, а не делењето на функции.

"Во моментов, мојата главна грижа во професионалниот живот е ангажирање во академската сфера, универзитетската работа и професионалната соработка со меѓународните институции и организации. Инаку, немам ангажман во било кој јавен или владин сектор и истото не го планирам. Што се однесува до вестите, можам само да кажам дека мислам дека во овој момент - приоритет на нашето општество е членство во НАТО и почеток на преговорите со Европската унија, кои треба да бидат проследени со релевантните реформи, зајакнување на кредибилитетот на институциите и зголемување на инвестициите, создавање работни места и подобрување на благосостојбата на граѓаните, а не шпекулирање за кадровските прашања ", вели Бесими.



Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија