Бесими: До 15 април ќе се исплати и февруарската и мартовската плата
Објавено во: Економија 08 Април, 2021
Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува дека до 15 април ќе легнат платите од петтиот пакет на економска помош за фирмите погодени од Ковид-19.
Во таа насока министерот очекува Законот за поддршка на плати да биде изгласан наскоро и парите да им бидат распределени на компаниите кои ќе аплицираат за мерката.
Дополнително, Бесими вели дека има амандманска интервенција со цел двете заостанати плати - и мартовската и февруарската, да се исплатат одеднаш.
– Законот е почнат да се носи и се надевам дека брзо ќе биде донесен. Предвидуваме и олеснување на мерката преку амандман со кој се утврдува на 15 април работниците да ги добијат двете плати – февруарската и мартовската. За да се намалат административните постпаки предвидено е со една апликација да се аплицира за двете плати. УЈП е подготвена да ја реализира мерката – нагласи Бесими.