18 Април, 2024
0.0259

БЕСПАРИЦА: Шри Ланка банкротираше, не можат да купат нафта, можен недостиг од храна

Објавено во: Свет 23 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге , објави дека економијата на неговата земја, која со месеци ја доживува најтешката криза во својата историја, пропаднала и дека не може ни да плати за увоз на нафта.

„Нашата економија целосно пропадна“, рече премиерот Викремесинге во говорот пред парламентот, додавајќи дека Шри Ланка се соочува со сериозна ситуација која вклучува недостиг од гориво, гас, електрична енергија и храна.

Истакнувајќи дека тие не можат да платат ниту за увоз на нафта, Викремесинге рече дека владата пропуштила можност да ја промени кризата.

Граѓаните на Шри Ланка, која се соочува со најголемата економска криза во својата историја, кон крајот на март годинава стапија во штрајк поради прекин на електричната енергија што траеше 13 часа дневно.

На крајот на март низ целата земја се одржаа протести поради неколкучасовен прекин на електрична енергија и недостиг на храна, гориво и други витални добра, откако недостигот на девизи доведе до најтешката економска криза во Шри Ланка. Прекините на струја во земјава траат и до 13 часа дневно.

Судирите меѓу владините поддржувачи и демонстрантите избија на 9 мај, а воените единици беа повикани во главниот град Коломбо.

Поради зголемениот притисок на опозицијата, Махинда Рајапакса поднесе оставка од функцијата премиер. Претседателот Готабаја Рајпакса потоа го назначи Викремесинге за премиер на 12 мај, откако претходно ја извршуваше функцијата во три наврати.

Владата прогласи полициски час низ целата земја и им нареди на војниците да отворат оган врз секој што ограбува јавен имот или предизвикува штета.

Осум лица загинаа во протестите ширум земјата, меѓу кои еден пратеник од владејачката партија и двајца полицајци, а речиси 250 луѓе беа повредени.

Жителите на Шри Ланка во моментов се борат со недостиг на гориво, прекини на струја и зголемени цени на храната и транспортот.


Фото: Принтскрин Јутјуб

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони