20 Април, 2024
0.0269

БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА 100 ПАЦИЕНТИ ВО АЏИБАДЕМ СИСТИНА

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Клиничката болница Аџибадем Систина сo свои активности се приклучи кон глобалното хуманитарно движење Pay It Forward. Како дел од овие активности, во четврток и во петок, на 26-ти и 27-ми април, ќе се доделат 100 бесплатни прегледи, по случаен избор, за пациенти кои што во овие два дена ќе ја посетат Аџибадем Систина.

Во движењето Pay It Forward ќе се вклучат и сите вработени во Аџибадем Систина, кои што ќе бидат мотивирани да придонесат за ширење на позитивна енергија и правењето на едно или повеќе добри дела еден на друг.

Движењето Pay It Forward својата завршна активност ќе ја одржи во Скопје, во Градскиот парк, кај Школка, во сабота, на 28-ми април, со почеток од 10:30 часот. За време на настанот, сите присутни кај Школка ќе можат да се обратат до пултот на Аџибадем Систина од каде што ќе можат да се информираат за сите здравствени услуги од нивен интерес.

Pay It Forward – Продолжи понатаму, е една од најголемите глобални  хуманитарни акции, која е проширена во 81 земја ширум светот. Целта на акцијата е да промовира и да шири позитивна енергија, како и да развива чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето. Во Македонија, Pay It Forward се спроведува втора година, а е на иницијатива и во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje, Europe. Целта на движењето, чиј почеток датира од 2007 година, е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки. Аџибадем Систина со свој скромен придонес, безрезервно се приклучи кон ова глобално движење на добра воља. 


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!