Бетон Штип исклучен од котација
Објавено во: Економија 13 Јули, 2019
Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана пред два дена донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од „Бетон АД Штип“, заради стечај на друштвото.
„Акциите издадени од Бетон АД Штип ќе бидат исклучени од котација на
Официјалниот пазар на берзата (Задолжителна котација), почнувајќи од 12.07.2019
година“, информираше берзата.