19 Април, 2024
0.0283

„Бетон“ вели дека наишол на опструкции од Народна банка и Државни патишта во последното бележење на загуба

Објавено во: Економија 06 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Градежната компанија „Бетон“ откако прикажа загуба од безмалку 4 милиони евра по првата половина на 2022, во образложението за Македонска берза, меѓудругото, ваквиот голем минус го оправдува со раскинатите договори со Народна банка и ЈП Државни патишта.

„Приходната страна на компанијата значително е намалена во првата половина на 2022 година, што се должи на раскинатите договори со ЈПДП и НБРМ. Компанијата превзема соодветни чекори за оспорување на едностраното раскинување на договорите, особено во услови кога инвеститорите немаа поставено основи и соодветни проекти за непречена и навремена реализација на проектите согласно договорите„, се вели во образложението.

Во текот на летово Народната банка одлучи да го раскине договорот со градежната компанија „Бетон“ за изградба на новиот објект на централната банка. Договорот е склучен уште во 2016 година, а објектот се уште не е готов. Од Народната банка не открија многу детали зошто дошло до таков чекор дури сега.

Летово и јавното претпријатие „Државни патишта“ потврди дека е раскинат договорот со „Бетон“ како главен изведувач на реконструкцијата на делницата Петровец - Катланово на автопатот „Пријателство“ на потегот Скопје - Велес. Станува збор за рехабилитација и проширување на 10 километри во вредност од 7,2 милиони евра, но и ЈПДП не сакаше да ги открие причините.

Од „Бетон“ додаваат дека во меѓувреме бележи пораст и цената на градежните материјали, а исто така за повторно да биде ликвидна, компанијата чека од Владата да се надминат административни пречки по изградбата на автопатот Миладиновци - Штип за да се ослободи простор за гаранција од 16 милиони евра.

Слична загуба од 3,86 милиони евра „Бетон“ прикажа и во првата половина од 2021, а како главна причина за тоа беше наведено неможноста за корекции на цените во постигнатите договори за проектите.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите