29 Март, 2024
0.0294

„Бетонскиот прстен“ во Прилеп чини 3,4 милиони евра, се чека уште техничко и кадровско опремување

Објавено во: Економија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Изградбата на кружниот прстен за сместување техничка опрема и инсталација, и централно јадро на сервер-соба во Прилеп чини 3,4 милиони евра, а пуштањето на овој објект во функција, за кој јавноста дозна откако авторот на проектот објави фотографии и информации за истиот во август, ќе се случи кога ќе биде технички и кадровски опремен.

Во Прилеп на 230 метри до најблиското населено место е изграден Business Continuity and Disaster Recovery Data Center, кој обезбедува континуитет во работењето на ИТ-системите во функција на работата на МВР., а самиот објект за македонската јавност претставуваше архитектонско чудо кое не може секојдневно да се види во Македонија, особено гледано од високо наликува и на вселенска база

Според проектот на 1X2STUDIO од Белград, кружниот прстен е исполнет со простории за механички инсталации, електрични и телекомуникациски инсталации, вклучително и просторија за провајдерот. Остатокот од просторот во објектот е за сместување на вработените (техничари, оператори, обезбедување) кои гарантираат полно работно време на дата-центарот 24/7.

Нарачател на проектот е Централно финансирање и склучување договори (ЦФСД), оддел од Министерството за финансии, а краен корисник ќе биде Министерството за внатрешни работи - Оддел за Општи и заеднички работи и Оддел за Информатика и телекомуникации.. Проектот ,,Воспоставување на ИКТ Центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата’’ се финансираше преку Инструментот за претпристапна помош, велат од Министерството за финансии.

- За реализација на проектот искористени се 3.398.444 евра, од кои 2.437.479 се средства обезбедени од ИПА. Договорот за имплементација на проектот се склучи на 19.12.2017 година, помеѓу Секторот за централно финансирање и склучување на договори, при Министерството за финасии како договорен орган и градежната компанија 4А-М ЅНРК од Република Албанија. Имплементацијата на проектот започна на 15.03.2018 година, во времетраење од 351 календарски денови т.е до 01.03.2019 година, со гарантен период од 365 календарски денови (кој вклучувајќи го перидот на суспендирање заради COVID 19 заврши на 01.06.2020 година), велат од Министерството за финансии.

Од таму додаваат дека објектот е изграден во целост и комплетно завршен, при што градежните работи опфаќаат изградба на  нов објект за ИКТ Центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работењето, вклучувајќи ги и надворешните и внатрешните електро инсталации, внатрешни термотехнички инсталации, водовод, атмосферска и фекална канализациона мрежа, против пожарна заштита и систем за техничка безбедност на објектот; изградба на контролен пункт-портирница; ископување на заштитен ров околу објектот; изградба на пристапен пат(сообраќајница) до објектот од главниот пат со воспоставена хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и изградба на ограда околу објектот. 

„Воспоставувањето на ваков центар ќе обезбеди континуитет со работата и зачувување на податоците во случај на можни природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор, при што податоците и целиот систем на Министерството ќе имаат бек-ап верзија која што ќе овозможи податоците веднаш да се стават во функција и без проблеми да се одвива работата на Министерството за внатрешни работи.“, информира нарачателот. 

Од Министерството за внатрешни работи пак велат дека ќе го превземат „Бетонскиот прстен“ кога ќе биде подготвен за функционирање, бидејќи засега е завршена само неговата изградба.

- Изградбата е завршена, но таму не е уште инсталирана потребната техничка опрема, а исто така треба да се одбере кадарот кој постојано ќе биде вработен таму, ни изјави Тони Ангеловски, портпаролот на МВР.

А.К. 


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа