26 Јули, 2021
0.0180

БЕВ ЗАЉУБЕН ВО ПРЕУБАВАТА ЈЕЛЕНА ОД ГОРЊИ МИЛАНОВАЦ КОГА ПРОДАВАВ ЛУБЕНИЦИ ВО СРБИЈА: Премиерот Заев отворено за српски Курир

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2021

Шефот на владата на Северна Македонија има биографија за која повеќето политичари - не само од Балканот - можат само да сонуваат, пишува денеска српски Курир. Во интервјуто, отворено говори како од продавач на лубеници стигнува до најважната позиција во земјата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил својот прв милион и зошто понекогаш сака со мотор да побегне со мотор.

-Моето име е поврзано со Србија, мојата младост е поврзана со Србија, сè што направивме, целиот семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горњи Милановац. Убавата Јелена. Ја запознав едно лето додека продавав лубеници, пиперки, домати и краставици на пазарот во тоа место. Првиот екстра профит го заработив со продажба на детергент за перење алишта од Србија, и првите милиони кога продадов суви пиперки во Србија, нагласува премиерот Заев во интервјуто за Курир.рс

Прва љубов

Пазарот беше отворен до четири или пет. И веќе од пет-шест, ние младите одевме во кафуле, меана. Таму ја запознав Јелена, мојата прва љубов. Ние сме врсници. Тоа траеше најмалку две и пол години. Секое лето бев во Горњи Милановац. Таа имаше фиксен телефон, но јас немав. За среќа, тогаш имаше телефонски говорници. Еднаш дојде и во Струмица. И моите и нејзините родители го сфатија тоа како детска љубов, повеќе како да сме некои пријатели. И тогаш далечината си го направи своето. Во 1993 година се запишав на Факултетот во Скопје и се посветив на студентските обврски. Знам дека таа сега живее и работи во Белград, дека има своето семејство, децата. Тоа го слушнав случајно пред пет-шест години. Но, тоа беше прва љубов, не се заборава, вели премиерот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Охрид го задржува статусот на УНЕСКО, oва е последен аларм

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Охрид го задржува статусот на УНЕСКО, oва е последен аларм

(ВИДЕО) Ахмети води оро на свадба во Зајас

(ВИДЕО) Ахмети води оро на свадба во Зајас

ИНСТИТУЦИИТЕ ДА НЕ СПИЈАТ: Соседите и Здружението „Стоп за грабежот“ му дадоа поддршка на Бањоглав кој остана без својот дом

ИНСТИТУЦИИТЕ ДА НЕ СПИЈАТ: Соседите и Здружението „Стоп за грабежот“ му дадоа поддршка на Бањоглав кој остана без својот дом

Даниловски очекува нов бран во средината на август

Даниловски очекува нов бран во средината на август

Момче од Пирок со пиштол го рани другарот

Момче од Пирок со пиштол го рани другарот

Бројот на активни се искачи на 310

Бројот на активни се искачи на 310

Градоначалникот на Штип Сашко Николов спасил жена на плажа

Градоначалникот на Штип Сашко Николов спасил жена на плажа

Нови 24 заразени со коронавирус, починати нема

Нови 24 заразени со коронавирус, починати нема

Нуредини: Охрид го задржува статусот на УНЕСКО

Нуредини: Охрид го задржува статусот на УНЕСКО