БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА - Румен Радев освои втор мандат
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2021
Румен Радев е реизбран за претседател во вториот круг од претседателските избори со речиси двојно повеќе гласови од неговиот противкандидат, пренесе БГНЕС.
Според податоците за излезност, двата пара ги добиле следните резултати:
Тренд:
Румен Радев - Илијана Јотова гласале 64,5 отсто
Проф. Анастас Герџиков - Невјана Митова гласале 33,6 отсто.
Галуп
Румен Радев - Илијана Јотова гласале 65,7 отсто.
Проф. Анастас Герџиков - Невјана Митова гласале 31,5 отсто
Алфа истражување
Румен Радев - Илијана Јотова гласале 63,9 отсто
Проф. Анастас Герџиков - Невјана Митова гласале 33,1 отсто
Изборен антирекорд
28,9 отсто е вкупната излезност за земјава во 18.00 часот. За споредба, минатата недела во овој час (18.00 часот) излезноста беше нешто поголема - 34,3 отсто.
Доколку се задржи истата динамика на гласање, треба да очекуваме дека во вториот круг ќе гласаат повеќе од 2,5 милиони гласачи, но се очекува излезноста да биде помала, изјави портпаролот на ЦИК Цветозар Томов.
Се чини дека ова ќе бидат претседателски избори со најмала излезност во бугарската историја. Според прелиминарните податоци, ќе гласаат еден милион луѓе помалку отколку во вториот круг на претседателските избори во 2016 година, кога гласале околу 3,4 милиони луѓе.
Изборниот процес денеска помина без проблеми и без инциденти.
За Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“ најважно е идниот шеф на државата да ја стави Бугарија над се. Тој рече и дека преговорите за влада напредуваат добро. „Ги прецизиравме групите кои ќе се сретнат следната недела, на секоја тема ќе има по 18 екипи“, додаде Петков.
Извор: Бгнес