БЕЗ ОВОЈ ПРОИЗВОД НЕ МОЖЕТЕ: Се очекува негово поскапување
Објавено во: Економија 19 Мај, 2017
Слабиот род во Бразил и Виетнам ќе доведе до раст на цената на кафето на светскиот пазар.
За оние кои секојдневно го конзумираат, следува шок со зголемување на цената.
Од почетокот на годината има скок од 10 до 20%, а ова ќе биде удар по џебот на потрошувачите.
Во одредени земји цената на сировото кафе веќе е за 50% повисока.
Кафето арабика врвот во цената го доживеа во јануари оваа година.
Деновиве имаше информација дека и какаото во континуитет поскапува.