19 Април, 2024
0.0263

Безбедни училишта – безбедни првачиња, превентивно едукативна акција на на РСБСП и Триглав Осигурување

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Децата се нашата иднина и нашето најголемо богатство. Детската љубов нема граници, ниту пак нивниот живот има цена. Се грижиме за безбедноста на децата во сообраќајот, тоа е наша привилегија, наша обврска и наш заеднички приоритет - потенцираат од РСБСП и Триглав Осигурување, во најава на новата сообраќајно превентивна акција, насловена како „Безбедни училишта – безбедни првачиња“.

Сликата на гужви и сообраќаен метеж во близина на училиштата и градинките е секојдневие, во кое што живееме. Поради тоа, децата секојдневно се изложени на потенцијални ризици и опасности, кои што ја загрозуваат нивната безбедност во сообраќајот. Заедничка одговорност на сите општествени чинители е да се грижат за безбедноста на децата во сообраќајот и согласно со тоа, РСБСП и Триглав Осигурување повторно ја реализираат акцијата „Безбедни училишта – безбедни првачиња“,  која што е составен дел од кампањата „Безбедни деца во сообраќајот – за безбедна и сигурна иднина“. 

Сообраќајната култура, етиката и навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмала возраст. Единствено преку континуирана едукација, преку силни и континуирани сообраќајно превентивни и едукативни кампањи, наменети пред сѐ за децата, може долгорочно и трајно да се унапреди безбедноста на сообраќајот на патиштата. Токму тоа е целта на акцијата „Безбедни училишта - безбедни првачиња“. Фокусот на оваа акција се токму  најмалите, тие кои се најранливи, најнебезбедни, но и најподготвени брзо и ефикасно да учат и да го применуваат тоа што го научиле.   

Акцијата „Безбедни училишта - безбедни првачиња“ започна денес во ООУ „Киро Глигоров“,  во општина Центар  - Скопје, а ќе се реализира во наредните два месеци и во нејзини рамки ќе бидат опфатени  повеќе од 50 училишта, во повеќе од 30 општини. Целта на акцијата е оспособување на децата од прво одделение за безбедно движење до училиштето и назад до својот дом, сообраќајна едукација и нивна поголема видливост во сообраќајот. За таа цел 4.000 првачиња ќе добијат безбедносни флуоресцентни елечиња. 

Покрај флуоресцентни елечиња, во рамки на превентивната акција ќе бидат организирани и едукативни предавања, со цел едукација и запознавање на децата-првачиња со основните правила и прописи во сообраќајот. 

Едукативните настани ќе бидат надополнети со повеќе сообраќајно едукативни материјали – боенки, распоред за часови, сообраќајна лектира и друг едукативен материјал.  Главниот „ јунак“ на настаните ќе биде маскотата „ Кучето пази“, кое има за задача да им  пренесе на децата „тајни“ и корисни совети за тоа како безбедно да учествуваат во сообраќајот,  каде смеат и каде не смеат да играат, како да ја поминуваат улицата, што треба да прават кога се возат во автомобил, итн. 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување апелираат за безбедно и одговорно  учество во сообраќајот, особено во близина на училишта и градинки и  на сите останати места, каде има зголемено учество на децата во сообраќајот. 

                 „ Безбедни деца во сообраќајот – за безбедна и сигурна иднина“. 


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година