18 Април, 2024
0.0246

Безбедност и здравје при работа: Македонското здружение учи од позитивна италијанска пракса

Објавено во: Економија 25 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Македонското здружение за заштита при работа, минатата недела организираше студиска посета во Италија, во фабриката Hitachi Rail Italy S.p.A.,фабрика за инжињеринг во железничкиот сообраќај, чии главни производи се дизајн и производство на железнички и возила за јавен превоз. Домаќини на македонската делегација беа: претставник од бордот на директори на компанијата, еден член на градската управа на Неапол и претставник на Стопанската Комора на Италија.  Македонската делегација предводена од в.д Претседателот на Македонското здружение  за заштита при работа (МЗЗПР), Петар Наумовски, од оваа посета се вратија со импресии но и нови трендови кога е во прашање безбедноста и здравјето при работа. Компанијата Hitachi е мултинационална компанија која што има имплементирано систем за безбедност и здравје при работа за своите вработени, кој што очигледно ќе биде пример, кој во иднина ќе мора да го следат сите компании кои што сакаат да бидат препознаени како општествено одговорни.

 - Имам потреба да искажам огромна благодарност за пречекот на нашата делегација, кој беше на многу високо ниво. Имавме прилика да се запознаеме со производството на оваа софистицирана и високотехнолшки развиена програма, која е присутна насекаде во светот. Фокусот беше на начинот на кои тие ја организираат безбедноста и здравјето при работа и размена на искуства во таа област. Нашиот претставник, господинот Милан Петковски имаше свое излагање. Извонредна презентација во која се осврна на состојбата со БЗР во Македонија и сé што работи и за што се залага нашето здружение - вели Наумовски.

Македонското здружение за заштита при работа, како едно од најактивните во нашата држава кога е во прашање заложбата за зголемување на свеста за превенција, со цел заштита на работникот на своето работно место и спасување на човечки животи, својата мисија ја преточи во регионална мрежа со име BalkanOSH, која што сега со заеднички сили дејствува регионално, за превенција на најважниот ресурс кога е во прашање работата.

- Севкупната идеја и реализација на Балканош, наиде на неверојатен одзив кај нашите домаќини во Италија. Се обидовме да ги упатиме во тоа каква е состојбата кога е во прашање безбедноста и здравјето на работниците во Македонија и колку на нас како здружение ни и многу важно да имаме партнери во регионот. Без разлика дали сме големи или мали, повеќе или помалку бројни, сите ние од Западен Балкан како што вели светот, имаме универзален проблем. А тоа е безбедноста на работниците. За жал, свеста за нивна заштита, сеуште не е на потребното и посакуваното ниво кај ниту една земја во регионот. И токму тоа е целта мисијата и визијата на Балканош. Да ја зголемиме - изјави Наумовски.

Оваа посета е само една од многубројните активности кои што ги има МЗЗПР во правец на едукација на сите чинители во приказната наречена безбедност и здравје при работа. Практиките кои што имаме прилика да ги видиме и слушнеме во развиени земји и мултинационални компании со огромни ресурси, е начин да видиме до каде сме и во кој правец треба да се движат заложбите на здружението. 

Можеби ќе ве интересира

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто