26 Јули, 2021
0.0168

БИ-БИ-СИ ГИ ПРЕНЕСУВАШЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКИТЕ СЦЕНИ, ПА ДЕНЕСКА СЕ ИЗВИНИ: Цел свет ја виде борбата на Ериксен за живот

Објавено во: Свет 13 Јуни, 2021

ТВ гигантот Би-Би-Си утринава им се извини на своите гледачи кои беа сведоци на шокантните сцени од борбата за животот на Кристијан Ериксен за време на преносот на натпреварот Данска - Финска, што го направи овој британски сервис

Милиони навивачи и гледачи ширум Европа веќе ги осудија организаторите на преносот, кои и покрај болната сцена, скоро цело време го снимаа онесвестениот Ериксен, а Би-Би-Си беше една од телевизиите што директно пренесуваше од „Паркен“, стадионот во Копенхаген.

-Така, гледачите можеа да ги видат расплаканите и шокирани играчи на Данска како стојат над нивниот пријател, и скоро вкочанетото тело на Ериксен, како и лекарите кои со натчовечки напори се бореа за неговиот живот, па дури и го загубија во еден момент. Вознемирувачки сцени го обиколија светот, направена е штета, а Би-Би-Си е една од првите ТВ-станици што се извини, пренесуваат данските медиуми.

- Се извинуваме на сите што беа вознемирени од сцените од ТВ-преносот. Снимките во рамките на стадионот ги контролира УЕФА,  и штом натпреварот беше одложен, ги преземавме сите снимки што е можно побрзо - изјавија од националниот британски радиодифузер.


Можеби ќе ве интересира

За Макрон одбивањето вакцини е себичност и неодговорност

За Макрон одбивањето вакцини е себичност и неодговорност

КАЗНАТА Е САМО 5 ДОЛАРИ: Полицаец во Конго уби студент затоа што не носел маска

КАЗНАТА Е САМО 5 ДОЛАРИ: Полицаец во Конго уби студент затоа што не носел маска

(ВИДЕО) ГОРИ НА САРДИНИЈА: Огнот опколи неколку градови и села

(ВИДЕО) ГОРИ НА САРДИНИЈА: Огнот опколи неколку градови и села

Себастијан Курц даде свое видување за тоа колку време ќе живееме со коронавирусот

Себастијан Курц даде свое видување за тоа колку време ќе живееме со коронавирусот

Водата носеше автомобили во Белгија, нови поплави

Водата носеше автомобили во Белгија, нови поплави

Русија урива рекорди со бројот на починати од корона

Русија урива рекорди со бројот на починати од корона

За пари издавала лажни ковид потврди

За пари издавала лажни ковид потврди

ПРАЗНИ РАФТОВИ, ЗАТВОРЕНИ МАРКЕТИ, ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА: Ова им се случува откако ги укинаа ковид мерките

ПРАЗНИ РАФТОВИ, ЗАТВОРЕНИ МАРКЕТИ, ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА: Ова им се случува откако ги укинаа ковид мерките

СИБИР ГОРИ: Беснеат над 220 шумски пожари

СИБИР ГОРИ: Беснеат над 220 шумски пожари