Бибер: Ако Договорот не помине во Грција, кон неа ќе има голем притисок

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2018
Ако Договорот не помине во Грција, кон неа ќе има голем притисок од ЕУ.
Oва го изјави во интервју за МИА Флоријан Бибер од Универзитетот во Грац, Австрија.
Вели дека секогаш е тешко да се предвиди неочекуваното, но, сите сигнали се многу позитивни.
„Како прво, актуелната грчка Влада е посветена на Договорот и сака да помине. Се чини дека има поддршка и од одредени опозициски партии во Парламентот. Исто така, искрено верувам дека Нова демократија, која формално е против Договорот, не би била несреќна ако Договорот помине пред да дојдат на власт следната година. Бидејќи ако Македонија ги исполни сите барања, ќе изгледа многу лошо за Грција ако таа не ги исполни своите обврски; тогаш целиот притисок ќе биде врз Грција. Затоа постои добра основа да веруваме дека сите значајни партии ќе ја одиграат својата улога и или ќе го прифатат договорот или барем нема да го бојкотираат до степен да пропадне. Со Грците не се знае, но сигналите од нивна страна се позитивни и оптимист сум дека договорот ќе добие поддршка во парламентите на обете земји во следниве неколку месеци“, вели Бибер кој важи за голем познавач на состојбите на Балканот.
Според него, очекувано е од Русија, која се противи на интеграцијата на Македонија во ЕУ и особено во НАТО, да создава проблеми, а обвинувањата за мешање на САД и ЕУ во процесите во Македонија ги оцени за смешни.
Можеби ќе ве интересира
ФОКУС НА ДЕНОТ: Ахмети и Заев бараат кандидат за претседател, ОЈО повикува сведоци, премиерот и Силјановска си разменија критики

Се бара притвор за осомничени за трговија со оружје

Силјановска до Заев: Не сакам да бидам дел од концептот од ПИОМ да исчезнат 19 милиони

Неколку функционери најавиле дека нивните блиски ќе се откажат од вработувањата?

НОВИ ОБВИНУВАЊА ЗА НЕПОТИЗАМ: На тапет Милева Ѓорѓиева

Прибе: Искрено бевме скептични дека ратификацијата ќе помине лесно

Заев за Силјановска: Во ниту еден сегмент не даде поддршка на тоа што цел свет го поддржува

Дескоска: Почестена сум да бидам првиот министер од Северна Македонија гостин во Грција
