БиХ и Македонија со највисока невработеност во регионот
Објавено во: Економија, Балкан 13 Август, 2017
Во БиХ и Македонија стапката на невработеност е највисока и изнесува 25.4%, пренесува агенцијата Анадолија.
Се наведува дека младите и образовани луѓе од овие две земји се иселуваат затоа што нема работа.
Македонија и БиХ се полоши на ова поле и од најлошите земји членки на ЕУ.
Словенија има само 8% невработеност, и тоа е подобро од просекот на ЕУ.
Во ЕУ Шпанија има невработеност од 18,2%, а Чешка 3.2%, Германија 3.9% и Малта 4.1%.