Бил Гејтс купил земјиште во 18 американски држави
Објавено во: Економија 15 Јануари, 2021
Четвртиот најбогат човек во светот, Бил Гејтс купил 242.000 хектари земјоделско земјиште во САД.
Ленд рипорт откри дека Гејтс купил земјоделско земјиште во 18 американски држави. Неговите најголеми имоти се во Луизијана (69.071 хектари), Арканзас (47.927 хектари) и Небраска (20.588 хектари). Покрај тоа, тој има удел во 25.750 хектари земјиште на западната страна на Феникс во Аризона. Земјиштето го поседува директно и преку компанијата Каскејд инвестментс. Во 2008 година Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс најави 306 милиони долари неповратни средства за промоција на одржливо земјоделство со висок принос на малите земјоделци во супсахарска Африка и во Јужна Азија. Не е јасно како Гејтс планира да го користи земјоделското земјиште.