20 Април, 2024
0.0331

Бил Козби во куќен притвор

Објавено во: Стил 28 Април, 2018

Добивај вести на Viber

На американскиот комичар и актер, Бил Козби, му е одреден куќен притвор додека не биде донесена конечна пресуда, во врска со обвинението за сексуален напад. Комичарот ќе остане во неговиот дом во Филаделфија, со електронска контрола.

Козби во четвртокот беше осуден за дрогирање и напад на жена, што на некој начин го означи падот на човекот кој некогаш ги рушеше расните бариери во Холивуд. Козби (80) би можел да го мине остатокот од својот живот во затвор, откако поротата пресуди дека во 2004 година сексуално ја нападнал Андреа Констенд во својот дом во Филаделфија. Комичарот тврди дека односот бил со меѓусебна согласност.

Откако Констенд поднесе тужба, повеќе од 60 жени ги обвинија Козби дека ги дрогирал и злоставувал во текот на пет децении, но ова е единствениот случај за кој беше подигнато обвинение. Констенд (45), поранешена вработена во управата на кошаркарскиот тим од Универзитетот Темпл, сведочеше дека Козби ја парализирал со три сини апчиња, кои ги нарекол „нејзини пријатели“, а потоа сексуално ја нападнал.

Пресудата беше изречена по донеделното повторено судење, при што пет други жени сведочеа дека Козби ги дрогирал и ги малтретирал. Поротата донесе одлука по 14 часа расправа. Првото судење на Козби заврши во јуни минатата година без пресуда, бидејќи поротниците не постигнаа едногласна одлука по повеќе од 52 часа дискусија. Козби може да добие по 10 години затвор за секоја од трите точки од обвинението.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган