БИЛА ДОБРА, ПРЕКРАСНА ЖЕНА - колегите од сплитскиот „Лидл“ се простуваат од убиена 44 годишна вработена од поранешниот партнер
Објавено во: Балкан 01 Декември, 2021
Убиството во трговскиот центар Лидл на улицата „Пољичка цеста“ во Сплит, вчера го шокираше овој град.
Жељко Ѓекиќ ја избодел со нож својата поранешна партнерка, 44-годишната В.П.
Поради трагедијата, таа продавница денеска не работи, а пред неа утрово се појавиле лампиони во облик на срце и роза. Со свеќа во раката во спомен на убиството на 44-годишната вработена која беше убиена од нејзиниот поранешен партнер, дошол и кооперантот на продавницата.
„Возам за Лидл последните четири години, ја познавав. Добра, прекрасна жена“, низ солзи рекол и си заминал.
Денеска на вратата на продавницата беше оставено известување до клиентите.
„Почитувани клиенти, денес нашата продавница ќе биде затворена поради немил настан. Продавницата ќе ја отвориме во четврток на 2 декември според редовното работно време. Ви благодариме на разбирањето“, се вели во известувањето, пренесува порталот Далматински портал.
Хрватските медиуми јавуваат и дека според првите податоци, 43-годишната жена била избодена околу 15 пати. Таа веднаш била пренесена во КБЦ Сплит, но набргу по нападот починала.
Напаѓачот бил совладан од обезбедувањето на Лидл со помош на неколку млади момчиња кои го фрлиле на подот. Полицијата врши увид на местото на настанот, а започнала и претрес во станот каде живее убиецот
Инаку, нешто пред 15 часот, убиената ги редела предметите на полица во продавницата, кога и пришол бившиот партнер.
Прво вербално ја нападнал, а потоа и со нож.
Тој ѝ викнал: „Не ми дозволи три месеци да го видам детето! Потоа почна да ја боде и јас не можев повеќе да гледам“, изјавил сведокот за Слободна Далмација.
Извор: хрватски медиуми
Фото: Далматински портал