14 Декември, 2024
0.0366

БИЛА ПРЕМНОГУ СОВЕТСКА: Земја сојузник на Русија ја менува химната

Објавено во: Свет 12 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Затоа што била премногу советска, Киргистан ќе ја смени својата химна. 

Киргистан денеска објави дека ќе ја смени химната бидејќи ја смета за премногу советска. Ова е уште една од низата мерки преземени со цел промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет на оваа земја во Централна Азија и сојузник на Русија.

Новоформираната собраниска комисија е задолжена за промена на националната химна, јавува агенцијата Кабар.

Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена, бидејќи, како што тврди претседателот Садир Џапаров, само ја слави независноста, а Киргистан е земја со историја стара 5.000 години.

Џапаров затоа есенва побара „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“.

Претседателот на Собранието Нурлан Чакиев рече дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење за сите на возраст од пет до 95 години.

Во земја каде што рускиот сè уште е официјален јазик, посилно се промовира киргистанскиот јазик.

Овие мерки се посериозно започнати по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Лани го сменија и знамето на кое сега има жолто сонце со стилизиран приказ на јурта на црвена заднина.

foto Wikipedia/Hunne

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ГО БЛОКИРАШЕ ВИБЕР: „Апликацијата се користи за терористички и екстремистички цели“

РУСИЈА ГО БЛОКИРАШЕ ВИБЕР: „Апликацијата се користи за терористички и екстремистички цели“

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕДНА ЗЕМЈА НА БРИКС ИМАШЕ КРВАРЕЊЕ ВО БЛИЗИНА НА МОЗОКОТ: Се чувствува одлично по операцијата

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕДНА ЗЕМЈА НА БРИКС ИМАШЕ КРВАРЕЊЕ ВО БЛИЗИНА НА МОЗОКОТ: Се чувствува одлично по операцијата

ГОТОВО, КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Се знае и кога?

ГОТОВО, КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Се знае и кога?

СТРАНСКИ МЕДИУМИ: Русија брза да „го спаси лицето по понижувачката загуба на нејзиниот партнер Башар ал Асад“

СТРАНСКИ МЕДИУМИ: Русија брза да „го спаси лицето по понижувачката загуба на нејзиниот партнер Башар ал Асад“

ИТАЛИЈА ПРИФАЌА ДА ПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА: Даваат поддршка на предлогот на Макрон

ИТАЛИЈА ПРИФАЌА ДА ПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА: Даваат поддршка на предлогот на Макрон

АВСТРИЈА НУДИ 1.000 ЕВРА ЗА СИРИЈЦИТЕ ДА СИ ОДАТ ВО ТАТКОВИНАТА: Но, овие пари нема да им стигнат за пат до дома

АВСТРИЈА НУДИ 1.000 ЕВРА ЗА СИРИЈЦИТЕ ДА СИ ОДАТ ВО ТАТКОВИНАТА: Но, овие пари нема да им стигнат за пат до дома

НАЈОПАСНИ И НАЈБЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО 2025: Кои дестинации треба да ги избегнувате?

НАЈОПАСНИ И НАЈБЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО 2025: Кои дестинации треба да ги избегнувате?

РЕЖИМОТ НА АСАД ПАДНА: Колку Сиријци се вратиле дома?

РЕЖИМОТ НА АСАД ПАДНА: Колку Сиријци се вратиле дома?

СИ НЕМА ДА ДОЈДЕ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП КОЈ ЛИЧНО ГО ПОКАНИЛ: Поканата ги изненадила и Пекинг и сојузниците на САД

СИ НЕМА ДА ДОЈДЕ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП КОЈ ЛИЧНО ГО ПОКАНИЛ: Поканата ги изненадила и Пекинг и сојузниците на САД