25 Април, 2024
0.0396

Билал Суџубаши останува Претседател на УО на Халк Банка

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Билал Суџубаши ќе продолжи да ја извршува функцијата Главен Извршен Директор, Претседател на Управниот одбор на Халк Банка А.Д. Скопје.

Ова станува јасно од информацијата објавена на Македонска берза а која се однесува на промени во органите на управување и раководење.

Од соопштението на банката, Суџубаши добил согласност за реименување за период од 2 години, сметано од 07.02.2020 година. 

„Врз основа на алинеја 4 од став 1 член 166-б од Законот за хартии од вредност, согласно Решението на Гувернерот на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Билал Суџубаши за период од 2 години, сметано од 07.02.2020 година“, стои во одлуката. 

Како што се додава, промените веќе се запишани во Регистар на Р. Северна Македонија на 14.02.2020 година.

Во неодамнешно интервју за Фактор, Билал Суџубаши, претседател на Управниот одбор на Халкбанк Скопје, говореше дека банката ќе продолжи со работа со исто темпо, бидејќи нивната зацртана цел е да станат водечка банка во Северна Македонија. 

Малите и средни претпријатија, рече, се камен темелник за економијата, а објасни и што за земјава ќе донесе влезот во НАТО, но и претстојните избори. Разговравме и за дигитализацијата, каматните стапки, како и за новините што банката ги планира за наредниот период... а целото интервју може да го прочитате овде.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија