БИЛЕ ЛИ ОПАСНИ - Во Битола најдени гранати од Прва Светска Војна
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2020
Во Битола се најдени три неексплодирани гранати уште од Првата Светска Војна. Кога биле пријавени дошле експерти од Дирекцијата за заштита и спасување и безбедно ги подигнале.
„На 21.02.2020 во 12,10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Љубојно“ во Битола биле пронајдени три стари нексплодирани артилериски гранати кал.75 мм од Прва Светска Војна. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се безбедно подигнати од местото на настанот“, се вели во соопшението од МВР.