Биле прибавени на нелегален начин: Фрчкоска ќе ги спори видео материјалите на Камчев
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2019
„ Не може да се поистоветат снимките коишто Специјалното јавно обвинителство ги третираше како докази и овие снимки. Снимките од нелегалното прислушкување беа озаконети со Законот за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката“, истакна адвокатката на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, Ирена Данаилова-Фрчкоска, во интервју за „360 Степени“.
Адвокатката, исто така истакна дека најверојатно ќе бара идзвојување на видео снимките од предметот, бидејќи според неа се прибавени на нелегален начин.