24 Април, 2024
0.0252

Билка „ѓаволска уста“ – За што ја користела кинеската медицина?

Објавено во: Стил 07 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Билката ѓаволска уста не е толку употребувана кај нас, но во кинеската медицина е меѓу повеќето користени лековити растенија.

Што лекува билката ѓаволска уста (Домашната коприва) и како да ја користите?

Легенди за потеклото на оваа билка

Постојат две познати легенди за потеклото на билката. Според едната, ѓаволската уста (или уште  домашна коприва) доаѓа од внатрешните делови на Азија. Приказната раскажува дека мало момче баралолек за својата болна мајка и група монаси го насочиле кон лековитото растение.

Други сметаат дека ѓаволска уста доаѓа од Грција. Според легендата во Античка Елада имало гратче, каде Грците пиеле вода од извори, опкружени со ливади со ѓаволска уста. И бидејќи жителите на населбата живееле до над 100 години, сите одлучиле дека тоа се должи на лековитите својства на магичното растение. Од грчки доаѓа и другото име на билката - Leonurus cardica, при што leon значи лав, ouros опашка, а cardica - срце. Или поинаку кажано билката лавот со опашка, како што е позната уште во светот.

dqvolska-usta-(2)-50678-500x0

Што лекува билката ѓаволска уста?

Денес билката ѓаволска уста е распространета на територијата на Азија и Европа. На изглед претставува тревно растение високо меѓу 60 и 100см, закитено со листови со долги рачки, распоредени по краткото стебло, на врвот на кое е сместена розова или виолетова боја. Токму расцутените делови (и понекогаш листовите) се користат за подготовка на чаеви, запарки, напивки, облоги.

Ѓаволска уста се користи во лекување на анемија, (гасови во цревата), тешко мокрење, главоболка, замор, стрес, за намалување на крвниот притисок. Листовите помагаат при изгореници, затоа подгответе облоги од нив. Билката е позната уште како добар помошник кај женските проблеми - ја ублажува болната менструација, спречува  инфекци на матката , лечи неплодност, помага за полесно преминување низ климактериум. Во кинеската медицина исцелители ја применувале при нередовен циклус, како и при други повреди на половиот систем.

Познато е дека ѓаволска уста има смирувачки ефект врз мазната мускулатура, што ја прави корисна и за срцето. Не на последно место таа го зајакнува нервниот систем и има релаксирачки ефект. Во повеќето случаи лековитото растение се комбинира со други билки!

dqvolska-usta-(3)-50677-500x0

На што да внимавате

Билката ѓаволска уста има силно дејство врз организмот, па затоа треба да внимавате со дозата. Задолжително консултирајте се со лекар или хомеопат по прашањето колкаво количество да земате, затоа што дозирањето е строго индивидуално и зависи од возраста, тежината и здравствената состојба на пациентот.

Ѓаволската уста има и некои несакани ефекти. Не е исклучено болниот да го обзеде поспаност, да има задоцнети реакции, да не може да се концентрира, да се жали на иритација во стомакот.

Контроверзна е употребата и за време на бременоста. Повеќето лекари жестоко се противат, бидејќи внесувањето на билката go стимулира протокот на крв во матката и не се исклучени крварења, кои можат да се опасни како за плодот, така и за мајката. Други, пак, ја препорачуваат во минимални количини поради смирувачкиот нејзини ефект.

Но, најважно, што треба да се запамети за билката ѓаволска уста, е никогаш да не ја примате во "суров", непреработена вид, бидејќи е отровна!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган