Билт: ЕУ се соочува со можност за колапс на целата нејзина политика за Балканот
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019
ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на Балканот, доколку не донесе одлука за пристапни преговори со Скопје и Тирана, порача шведскиот политичар Карл Билд на Твитер.
„ЕУ се соочува со можност за колапс на целата нејзина политика и кредибилитет во врска со Балканот, бидејќи Франција се заканува дека ќе стави вето на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија. Да се надеваме дека лидерите подоцна денеска и утре ќе го избегнат ваквиот колапс“, порача Билд на Твитер.
Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Брисел, побара од европските лидери да овозможат Македонија да ги почне преговорите.