25 Април, 2024
0.0280

Бимилк ги отвора вратите за своите потрошувачи

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

По повод Светскиот ден на квалитет, кој секоја година се одбележува во ноември, Бимилк ги отвора вратите за своите верни потрошувачи.

Имено, на 15 ноември 2018 година, компанијата ги кани сите заинтересирани потрошувачи на т.н. „отворен ден“во млекарата, со цел да имаат можност одблиску да го запознаат производствениот процес, а воедно и да ги дегустираат нивните производи.

Отворениот ден во Бимилк ќе трае од 13 до 16 часот, а низ целиот процес посетителите ќе ги дознаат начините на кои се произведуваат различните млечни производи, како и процесите низ кои истите минуваат, и тоа од клучните технолози за производство во компанијата.


„Како компанија со традиција близу 70 години, секојдневно сме присутни речиси во секој дом во Македонија и нашите потрошувачи веќе имаат изградено силна врска со производите. Токму затоа сакаме да им дадеме можност и одблизу да ги запознаат процесите на работењето на компанијата и самите да се уверат во создавањето на квалитетен и безбеден производ, во современата технологија и имплементацијата на стандардите за квалитет. Затоа на наше големо задоволство, ги повикуваме сите наши лојални потрошувачи заедно да го одбележиме Светскиот ден на квалитет“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Светскиот ден на квалитет оваа година се одбележува денес, на 8-ми ноември и истиот има за цел да ја подигне свесноста на јавноста за потребата од спроведување на норми за квалитет во секоја компанија и организација.

Бимилк како компанија која годишно преработува и повеќе од 40 милиони литри млеко, соработувајќи со над 1400 фармери кооперанти ширум Македонија, има имплементирано бројни сертификати за квалитет, чие спроведување бара максимална тимска вклученост на сите чинители на производствениот процес – од примарното млекопроизводство од страна на добавувачите, преку строгата контрола на сите процеси, па сѐ до дистрибуцијата и продажбата.

Познавајќи ја важноста и сложеноста на процесот на одржување на квалитет, Бимилк традиционално, секоја година, го одбележува Светскиот ден на квалитет преку различни активности, често организирајќи и слични отворени денови за сите заинтересирани граѓани, фирми и бизнис-партнери, со цел да им овозможи на своите купувачи запознавање со процесите на производство и контрола.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет