23 Април, 2024
0.0282

Бирото за регионален развој реагира за ревизорскиот извештај

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Бирото за регионален развој категорично и целосно ја отфрла содржината на насловот на текстот објавен на Фактор.мк на 17.02.2020 година како невистинит и тенденциозен во кои се презентирани податоците од Конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештај и ревизија на усогласеност за 2018 година на Биро за регионален развој, сметка на основен буџет.

Во реакцијата од Бирото во која се дообјаснуваат ставовите на ревизорите стои дека не е точна информацијата дека проектите кои се прибираат во Бирото за регионален развој не се архивирани, како што пишува во извештајот. 

„Во таа насока при вршењето на ревизијата сите проекти кои беа побарани од страна на ревизорите им беа дадени на увид и истите се архивирани согласно законските прописи за архивско работење со датум кога се доставени, и тоа може да се докаже со деловодникот на Бирото.

За информацијата дека дека не се почитува законската обврска за 1% од БДП на државата, буџетот на државата се распределува до институциите  согласно владината програма и  Бирото во неколку наврати се има обратено до Владата на Република Северна Македонија за постигнување на 1% од БДП за поттикнување на рамномерен регионален развој, објаснуваат од Бирото.

Неточна е информацијата дека Бирото за регионален развој врши трошење на пари од владини програми без покритие. Во Извештајот од Државен завод за ревизија е наведено дека исплатени се аванси во 2018 година со склучување на Анекс кон Основните договори, при што средствата се уплатени ва Центрите за развој на планските региони со обврска истите да останат на нивна сметка, се додека не добијат  писмена согласност од Бирото за да извршат исплата на добавувачите.  Со тоа категорично ја исфрлуваме изјавата дека Бирото за регионален развој врши исплата на незавршени проекти и без приложена документација.

Во досегашната практика, Бирото за регионален развој во ни еден наврат нема исплатено проекти кои не се завршени и комплетирани со потребната исплатна документација и тоа може да се провери во секое време.

Исто така во врска со забелешките за закуп на канцеларите, по укажувањето на Државен завод за ревизија во Договорот за закуп на деловен простор бр. 03-64/1 од 27.01.2020 година се прецизирани критериумите врз кој ќе се фактурираат трошоците за комунални услуги кои паѓаат на терет на закупецот. Во таа насока информираме дека Висината на надоместокот на  комунални услуги е иста со надоместокот што претходно сме го плаќале.

Бирото за регионален развој, Ви стои на располагање и отворено е за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна.

Фактор ги објави овие информации цитирајќи ги од извештајот на Државниот завод за ревизија и затоа сметаме дека оваа реакција на Бирото треба да е насочена кон оваа институција.


Можеби ќе ве интересира

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик