25 Април, 2024
0.0351

БИСЛИМОВСКИ: Ако го намалиме ДДВ-то за струјата, така ќе добијат и богатите, кои деновиве протестираат со скапи автомобили

Објавено во: Економија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, информира дека РКЕ ќе им даде целосна поддршка на синдикатите и невладините, да се изборат за можноста субвенциите за енергетска сиромаштија да се прошират и да ги добиваат поголем број ранливи категории граѓани, односно покрај социјалните случаи, и оние кои се погодени од ковид кризата.

А Бислимовски деновиве ги информирал регулаторите од другите земји за притисоците кои ги трпи поради протестите од опозициската партија. Од нив добил поддршка да опстои.

„На денешното Генерално собрание, а и на состанокот во вторникот ги информирав од сите земји регулаторни тела во рамките на ЕРА и во Рамки на ЕЗ, за притисоците кои се вршат врз РКЕ од страна на најголемата опозициска партија. Од сите земји членки добивме поддршка да не потклекнуваме на притисоците и и понатаму да продолжиме професионално, стручно и ефикасно да си ја извршуваме својата работа предвидена со законот за енергетика“, рече Бислимовски.

А на состанокот со синдикатите вчера, РКЕ со нив се договориле Комисијата нив да им даде целосна логистичка поддршка во понатамошните разговори кои би ги правеле со Владата во однос на згоплемување на бројот на ранливи категории на потрошувачи кои би можеле да користат дополнителни средства за заштита од енергетска сиромаштија. 

„Во текот на наредната недела ќе одржиме уште еден состанок, на кој ќе поканиме и претставници од невладините организации кои протестираат, на кој уште еднаш ќе ги презентираме нашите видувања како овој удар од зголемувањето на цената на струјата би бил што е можно помал врз граѓаните. Ние како РКЕ сме на став дека треба да се зголеми бројот на ранливи категории на потрошувачи кои треба да добиваат соодветна помош за социјална заштита од енергетска сиромаштија, и сите тие потрошувачи да бидат најдени. Вообичаено тоа ќе бидат како и досега социјалните случаи кои примаат помош, но ќе бидат и граѓаните кои имаат проблеми заради постојната ковид криза. Инсистираме тоа да се однесува исклучиво на потрошувачите кои имаат проблеми. Но, оние потрошувачи кои реално немаат проблеми, сметаме дека нема потреба да им се обезбедува дополнителна помош за социјална заштита од енергетска сиромаштија“, објаснува Бислимовски.

Како една од опциите за заштита од овој ценовен удар беше спомената и намалувањето на ДДВ-то.

„Но, доколку се намали ДДВ-то, на тој начин би добиле сите потрошувачи, а не само ранливите. Односно, така би добиле и богатите кои реално немаат никакви проблеми при плаќањето на своите сметки за струја. А како што гледате, имаме и протести на кои што штрајкуваат и граѓани кои имаат екстремно скапи автомобили, и сметам дека овие категории граѓани не треба да добијат никакви повластици“, вели Бислимовски. 

Во наредниот период ќе разговараме и со Владата, вели тој, но прво да расчистиме некои прашања со синдикатите и невладините, кои протестираат, и го оставаме нивното право на протести да продолжи, но веруваме дека ќе изнајдеме заеднички прифатливо решение, пред се за најранливите категории потрошувачи. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст