Бислимовски: Нафтените деривати ќе поскапуваат, дизелот вонредно за 2,5 денари повисока цена
Објавено во: Економија 19 Јуни, 2025 13:33
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска во утринската емисија на МТВ рече дека вонредно за утре се зголемува за 2,5 денари цената на дизелот и екстра лесното гориво како резултат на шокот од иранско-израелскиот конфликт.
- Ова е прва недела, сега ќе биде првиот удар, денеска носиме вонредна одлука, дизелот и екстра лесното гориво ќе поскапуваат за 2,5 денари, рече Бислимовски.
Првиот регулатор изјави дека конфликтот освен што влијае на цената на суровата нафта, овој пат делува и на цената на природниот гас.
- Цената на природниот гас е за 20 проценти повисока минатата недела, а тоа најмногу ме загрижува, затоа што со тоа е поврзана цената на електрична енергија. Има нагорни придвижувања и на фјучерсите за третиот и четвртиот квартал во 2025, а кај фјучерсите за струја има зголемување з аоколу 3,5 посто што засега не е некоја голема промена, коментира претседателот на РКЕ.
Бислимовски рече дека од 2022 државата со законски измени има систематски механизам со кој се намалува акцизата ако има раст на цената на горивата.
- По она што го гледам, нафтата ќе оди меѓу 90 и 100 долари и тоа ќе предизвика пораст и на крајните цени на нафтените деривати, не само во Македонија, туку и во останатите земји, кажа тој.
Бислимовски потсети дека пред три години со руско-украинскиот конфликт цената на мало на бензинот достигнала 110 денари по литар, а краткорочно позитивно е тоа што курсот на доларот во однос на денарот е намален.
Можеби ќе ве интересира
ВЕЛКОВСКИ: Не можеме да си играме со пензискиот систем

Нагло ќе поскапе кафето во САД ако царините на Трамп за увоз од Бразил останат

Цените на суровата нафта се намалија за два проценти - што ќе направи ОПЕК?

НИ ПРОЗОРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ИСТИ: Која е земјата која воведува нови стандарди за становите?

Русија се соочува со предизвици: Индустриското производство се забавува

Колку навистина чини живеењето во Германија: Овие места се најскапи

ИЗГЛАСАНА СУСПЕНЗИЈА ЗА АНГЕЛОСКИ ОД ССКМ?! - претседателот тврди дека извршната директорка е суспендирана

Атлантик ја презема словенечката компанија зад брендот паштета Кекец

МАГАЦИН НА „ФРИКОМ“ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Испораките се прекинати, се проценува штетата
