16 Април, 2024
0.0481

Бислимовски: Невидено до сега намалување на цените на горивата

Објавено во: Економија 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, вели дека до сега во историјата откако е формирано ова тело не е виден ваков пад на дизелот и бензините. Втор пат по ред изминатиот период имаше намалување на горивата, а последниот во просек беше за 9,18 отсто. Според Бисимовски, за големото намалување е заслужна и новововедената методологија на пресметување на цените и маржите кај трговците.

„Ова се моменти кои во историјата на тргувањето со нафтените деривати не се паметат. Нарушениот баланс на понудата и побарувачката поради пандемијата со Ковит 19 донесе силни намалувања на цените и кај нас. Континуираното темпото на  силен тренд на намалување на нафтените деривати е рекордно од кога Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги има надлежност да утврдува највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати.Со денешната одлука повторно драстично ги намаливме цените на нафтените деривати што е потврда дека Методологијата по која се формираат цените на нафтените деривати ги штити интересите на потрошувачите“, вели Бислимовски.

Тој додава дека единствено Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е надлежна за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и за истите секој понеделник носи одлука. 

„Сериозно ќе ги разгледаме можностите за одговорност на лицата кои од позиции во институциите шират шпекулации на цените на нафтените деривати пред официјално да се објават. Упатам апел во оваа вонредна состојба сите да сме одговорни. Секоја шпекулација може да се одрази врз  економските текови кои се хипер сензитивни во овој период.“посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од24.03.2020 година, малопродажната цена на бензинот Еуросупер 95 се намали за 5 денари од литар и ќе изнесува  49,5денари. Кај малопродажната цена на бензинот Еуросупер 98 се бележи намалување за 4,5 денари  и со тоа малопродажната цена изнесува 52,00 ден/лит. Малопродажните цени на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалија за 3 денари и изнесуваат 45,5, односно 34,50 денари по литар. Малопродажната цена на мазутот падна за 3,195 денари и ќе изнесува 18,738 денари.


Можеби ќе ве интересира

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување