25 Април, 2024
0.0288

Бислимовски: Со покачувањето на цената на струјата МЕПСО, ЕВН и ЕСМ ќе бидат на „позитивна нула“

Објавено во: Економија 11 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, во денешното интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека со покачувањето на цената на струјата поврзаните компании МЕПСО, ЕСМ и ЕВН крајот на годината ќе го дочекаат со салдо еднакво на „позитивна нула“, наместо да ја завршат 2020 со загуби. Како што вели тој, во одлуката на РКЕ за новите тарифи, не се земени во предвид новите вработувања и платите во овие компании при јреирањето на маржите.

„Инаку, ние при носењето на нашата одлука, на компаниите на кои им ги определуваме цените, тоа е на МЕПСО, на Електро-дистрибуција и на ЕВН Home, во самата постапка им одземавме 37 милиони евра. Нема регулатор во земјава којшто одземал на претпријатие кое го регулира толку при определување на цена. И единствено со коешто се носевме во оваа кризна година е претпријатијата не да завршат со профит, туку да завршат на позитивна нула“, вели Бисмиловски на едно од прашањата.

Според првиот човек на регулатроното тело, на МЕПСО при носењето на оваа одлука му се одземени вкупно 21 милиони евра, додека на компаниите во сопственост на ЕВН - 16 милиони евра.

„На МЕПСО се одземени околу 12 милиони евра по основ на повеќе остварен приход од дозволеното, на ЕВН Home се одземени 5 милиони евра, значи ништо не е оставено да остварат компаниите профит повеќе од тоа што е одобреното. А во 2020 концептот ќе биде компаниите да завршат на позитивна нула, да немаат профит. Значи не зборуваме за профит, едноставно зборуваме да за завршат годината на нула и доколку продолжат овие трендови може да завршат и во загуба“, додава тој во интервјуто.

Бројката од 180 до 200 нови вработувања во МЕПСО не се влезени во пресметките и не влијаат на цената на електричната енергија, и дека истото важи и за Електро-дистрибуција, операторот на електро-дистрибутивниот систем.

„Значи, во овие одлуки на Регулаторната комисија за енергетика се земени во предвид број на вработени коишто бил во 2017 година. Ниту едно ново вработување коешто било во наредниот период не е земено во предвид“, тврди Бислимовски.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија