07 Декември, 2025
0.0277

Bitcoin повторно е во игра, се враќаат лудите предвидувања

Објавено во: Финансии 15 Април, 2018 08:33

Добивај вести на Viber

Секогаш е тешко да се пишува за цената на биткоинот за која досега нема никаква утврдена математичка прогресија и постојано оваа криптовалути прави нови изненадувања. Кога сите помислуваат дека готово веќе е завршено со биткоинот и дека цената ќе почне драстично да паѓа, пазарот на инвеститори во дигитални валути повторно се стабилизира, па тргувањето со биткоин повторно прави скокови.

Во изминатиот период имаше повеќе позитивни вести кои беа силен индикатор дека постои сериозен обид да и се даде нов живот на оваа криптовалута, секако не во форма на вештачко дишење, ама добра и силна инфузија. 

Така дознавме дека во криптовалути ќе инвестираат Џорџ Сорос, како и моќното финансиско семејство Рокфелер преку нивниот специјализиран инвестициски фонд кој се врза со капителен фонд кој се занимава токму со иновации со блокчејн технологија во претриемништвото и тргувања со дигитални валути, нивни ценовни движења и секјуратизации. 

Секако, по еден ваков период на ценовно стабилизирање и благ раст на биткоинот кој сега вреди 8110 долари, веднаш се јавуваат и лудите предвидувања дека до крајот на годината не само што ќе си ја врати рекордната вредност од околу 20 илјади долари, туку и дека десекратно ќе се зголемува. 

На ваквата теза веќе пишувавме дека аналитичарите од Bank of America не веруваат бидејќи според нивните податоци меурот на битконот веќе пукнал и дека повеќе нема да ги достигне историските височини туку дека ќе продолжи да се тргува по стабилизирани ниски цени како и сите други комодитети кои го поминале периодот на фазата на ширење како меур од сапуница. 

Х.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција