21 Април, 2021
0.0214

БИТИЌИ: Фирмите за субвенциите за плати можат да аплицираат до крајот на март, а може и да ги исплатат платите, па Владата да им ги врати парите

Објавено во: Економија 02 Март, 2021

Фирмите за државните субвенции за плати од петтиот сет мерки ќе можат да аплицираат се до крајот на март, со цел да успеат да ја земат државната помош за исплата на плати.

Ова денеска на состанокот во Стопанската комора на Македонија го кажа вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, на новинарско прашање како Владата ќе го реши проблемот со тоа што законот за оваа државна помош е закочен во Собранието.

Според Битиќи, можно е и да се оди на еден вид премостување, а тоа е фирмите да ги исплатат платите на вработените, а потоа Владата да им го исплати тој износ, односно да им ги врати парите за државните субвенции.

Битиќи вели дека Владата е извршна власт, и таа може да донесе мерки, да ги усвои на седница на Влада и законското решение да го испрати до Собранието, но потоа од самиот парламент и од народните избраници ќе зависи дали ќе имаат кворум за работа.

„Законското решение е испратено до Собранието, ставено на седница на Комисија. Извршната власт може само до одреден степен да изврш притисок, но од Собранието и од пратениците зависи кога ќе се донесе тој закон и кога ќе се обезбеди кворум за работа. Ние направивме напор и навреме го подготвивм,е законот, односно тој беше испратен на 15 февруари во Собранието, но треба да го изгласаат пратениците. Токму и затоа, поучени од тоа искуство, во законот направивме решение според кое фирмите за државната помош за исплата на плати да можат да аплицираат во текот на цел март. Па така, дури и законот да се изгласа во следните десет дена, ако во тоа се успее, за компаниите таа помош ќе биде навремена. Можеби ќе се случи компанмиите да треба да ги исплатат платите, па потоа ние да ги субвенционираме, односно потоа да им ги вратиме средствата што ги исполатиле за исплата на платите, а се со цел да го покриеме февруари“, рече Битиќи.

Според вицепремиерот, помошта не може да се исплати со одлука на Влада, туку мора Собранието да го донесе законското решение. 

„За жал, тоа е цената на демократијата, каде што извршната власт носи закони, но нив мора да ги изгласа Собранието“, нагласи вицепремиерот.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Што газдата на струмички „Грозд“ ќе си продаде сам на себе за пола милион евра?

Што газдата на струмички „Грозд“ ќе си продаде сам на себе за пола милион евра?

Ќе извади ли некој кеш за акциите во Реплек: Што ќе си купи со тие 3,9 милиони евра?

Ќе извади ли некој кеш за акциите во Реплек: Што ќе си купи со тие 3,9 милиони евра?

Државата ќе дели дополнителни 8,5 милиони евра годишно за дневници за јавниот сектор што работи во недела

Државата ќе дели дополнителни 8,5 милиони евра годишно за дневници за јавниот сектор што работи во недела

ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ: Помош за угостители, туристички водичи, естрадни уметници

ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ: Помош за угостители, туристички водичи, естрадни уметници

Познато е колку ќе чини шестиот пакет мерки

Познато е колку ќе чини шестиот пакет мерки

Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за туристите во земјава

Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за туристите во земјава

Народна банка дозволи: Може да имате странска сметка за да купувате акции во странство

Народна банка дозволи: Може да имате странска сметка за да купувате акции во странство

Преполно пред Министерството за финансии: Угостителите и туристичките работници бараат Владата да го почитува изборниот слоган „Можеме“

Преполно пред Министерството за финансии: Угостителите и туристичките работници бараат Владата да го почитува изборниот слоган „Можеме“

Шокантно откритие на Лукаревска: Мартовска плата не добиле 54.662 работници

Шокантно откритие на Лукаревска: Мартовска плата не добиле 54.662 работници