19 Април, 2024
0.0282

Битиќи: Се надевам дека нема да имаме многу јака зима

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека од 1 јули мора да има минимално зголемување на цената на електричната енергија, но и дека струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде 100-отсто домашно производство.

„Се надевам дека нема да имаме многу јака зима, иако ќе биде тешка од енергетски аспект. Луѓето треба да знаат дека никогаш 100 отсто не сме произведувале електрична енергија од домашно производство. Сите потреби на регулираниот пазар треба да бидат задоволени од домашните капацитети“, рече Битиќи.

Вицепремиерот најави дека струјата за домаќинствата и малите потрошувачи и натаму ќе биде „субвенционирана“ од државата, но во помал износ кој ќе биде од 50 до 60 отсто од сметките.

„Ние ќе продадеме по цена која е пониска од производствената, тоа што ќе го осигураме ќе биде од домашно производство. Сега ќе биде 100 отсто од наше производство, ќе се стават сите капацитети во функција, не само ТЕЦ Неготино, туку и третиот блок на РЕК Битола и сите хидроакумулации. Се уште ќе биде 50 до 60 отсто субвенционирана електричната енергија за домаќинствата, а со тарифниот систем ќе се зголеми и праведноста во плаќањето и ќе се заштитат голем дел од нашите граѓани кои помалку трошат“, тврди тој.

Битиќи очекува и пет до шест големи инвестиции кои ќе дадат пониска цена на електрична енергија, како што вели, дури и од јагленот, гасот и мазутот

„Според сите проекции и планоцви, освен ако не се случи некоја голема инфомрација, се надевам дека целокупното производство на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде од домашно производство“, уверува Битиќи.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите