25 Април, 2024
0.0310

Битиќи: Се преговара со четири странски инвестиции

Објавено во: Економија 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во моментов Владата е во преговори со уште четири странски инвеститори и дека во наредниот период очекува да биде потпишан договорот со Киел, производителот на композитни седишта. Ова Битиќи го најави по потпишувањето на договорот за државна помош за втората инвестиција на ВИК во зоната на прилепски Алинци.

- Ние сме подготвени, доколку е подготвена другата страна, уште денеска да го потпишеме договорот, или пак следната недела, рече Битиќи за најавата на Киел дека сака да произведува и седишта за возови во Македонија и за тоа да инвестира 3,5 милиони евра.

Предлогот на Билал Касами, претседателот на Беса, да се применува двојазичност во приватните компании е неприфатлив за Битиќи, бидејќи тој вели дека приоритет треба да биде конкурентноста.

- Денеска ние зборуваме за конкурентна економија и денеска зборувавме на три јазици. Ние се стремиме кон пристапот на конкурентност, како клучен момент, рече вицепремиерот, а за најавениот четврт пакет мерки најавува дека доцна во петок ќе се знае колку пари ќе тежи. 

ВИК во првиот циклус реализираше над 10 милиони евра во Алинци, каде работат 250 лица во производството главно на кафемати. Сега инвеститорот најавува 100 нови работни места за Прилеп и околните населени места. 

- Во последната година и пол бевме мошне успешни во производниот процес и имавме испорака на квалитетен производ. И не само кафемати, туку и други мали производи за домаќинство. Имаме голем капацитет во Прилеп и мошне наскоро ќе се прошириме уште повеќе, со нови развојни активности, рече Вернер Шоеб, генералниот директор на ВИК.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?