20 Април, 2024
0.0254

БИТИЌИ УВЕРУВА: Не е точно дека струјата ќе поскапи после локалните избори

Објавено во: Економија 28 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Заменикот на претседателот на владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“, посочи дека изјавата дека електричната енергија ќе поскапи по локалните избори, е потполно неточна изјава, со оглед на тоа дека цената се регулира од Регулаторната комисија за енeргетика еднаш во годината, а веќе таа цена е донесена во јуни 2021 година.

„Сега ги гледаме предностите на либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Кога имаме либерализиран пазар, се зголемува конкуренцијата, но и се презема ризик за евентуални движења на глобално ниво. Тоа сега се случува во овој момент. Сите оператори кои влегоа во овој енергетски пазар, за дистрибуција на електрична енергија до одредени потрошувачи, знаеја дека преземаат ризик во либерализираниот пазар. Во одреден период купуваат електрична енергија со пониска цена и ја продаваат за повисока, со маржа за добивка, но во друг момент цената може да порасне толку, па да се појави загуба. Тоа се пазарните движења. Лоша е изјавата, кој и да ја кажал, дека по одржувањето на изборите ќе има покачување на цената на електричната енергија“, нагласи вицепремиерот.

Битиќи посочи дека Владата, во согласност со преземените меѓународни обврски и во насока на зачувувањето на здравјето на граѓаните, влезе во процес на транзиција на производството на електрична енергија од конвенционални извори кои загадуваат - кон производство на електрична енергија од обновливи извори, а каде како транзиционо гориво ќе се користи и природниот гас.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите