26 Октомври, 2020
0.0185

Битка во коалицијата за директорското место во Фондот за здравство

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2020

Во фаза на финализација се кадровските решенија за директорските места во државните институции. Од двете партии во владината коалиција официјално не соопштуваат во која институција која партија ќе има свој директор, но во јавноста веќе има неофицијални информации за поделбата, а се вртат и имињата за можните кандидати за директорските столчиња.

Едно од најжешките места е директорската фотеља во Фондот за здравствено осигурување. Се погласни се тврдењата дека ДУИ делегира свој кадар на оваа позиција, иако деновиве повеќе медиуми објавија дека главен кандидат за ова место е потпретседателот на СДСМ, кој е етнички Албанец, Мухамед Зекири.

Од ДУИ за Фактор брифираат дека директор на Фондот за здравствено осигурување ќе биде Фатон Ахмети, нивен член. Фактор дознава дека сепак ништо не е одлучено, а повеќе од сигурно е дека оваа позиција сепак ќе оди кај СДСМ.

Дали е Зекири вистинскиот човек, во јавноста веќе има поделени мислења, бидејќи познавачите тврдат дека лице на оваа позиција пред сè треба да има менаџерски способности, а уште поважно, како што велат изворите за Фактор, е да го разбира здравствениот систем.

За дел од нив, Зекири ги нема тие квалитети.

Изворите на Фактор уште велат и дека за оваа позиција постои вистинска борба, а во игра се неколку имиња, меѓу кои и актуелниот в.д. директор на Фондот за здравство, Миле Сугарев, како и актуелниот директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, д-р. Ангелчо Андоновски.

Премиерот Зоран Заев во однос на ова прашање денеска изјави дека за еден дел од институциите се разгледуваат решенијата, за еден дел веќе се објавуваат конкурси. 

-Сакаме до 15. октомври да заврши целиот процес, но и сега институциите функционираат непречено зошто имаат свои раководства. Кога ќе ги донесеме одлуките, ќе соопштиме, изјави премиерот Заев.

А.Б.- А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Шкариќ: Уставот не предвидува дека седниците се одржуваат во пленарната сала

Шкариќ: Уставот не предвидува дека седниците се одржуваат во пленарната сала

Рекордни 22 починати од Ковид-19 за еден ден во Македонија

Рекордни 22 починати од Ковид-19 за еден ден во Македонија

Европратеникот Ковачев: Наместо „бугарскиот окупатор“, да пишува „бугарска администрација“

Европратеникот Ковачев: Наместо „бугарскиот окупатор“, да пишува „бугарска администрација“

Наќе Чулев со повик до граѓаните да го поддржат протестот на полицискиот синдикат во вторник

Наќе Чулев со повик до граѓаните да го поддржат протестот на полицискиот синдикат во вторник

Главната кичевска црква ќе инсталира видео-надзор против крадци на пари

Главната кичевска црква ќе инсталира видео-надзор против крадци на пари

Алијана за Албанците и Алтернатива предлагаат анкетна комисија за работата на Комисијата за инфективни болести

Алијана за Албанците и Алтернатива предлагаат анкетна комисија за работата на Комисијата за инфективни болести

Три пациентки починаа на Инфективно во Штип

Три пациентки починаа на Инфективно во Штип

Заев: Секој со еден мандат во ЦО ќе може да биде претседател на СДСМ

Заев: Секој со еден мандат во ЦО ќе може да биде претседател на СДСМ

Погребан Амди Бајрам во присуство на 300 лица

Погребан Амди Бајрам во присуство на 300 лица