18 Април, 2024
0.0447

Битката може да почне - кој против кого на локалните избори

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

И официјално битката за градоначалничката фотеља може да започне. На полноќ, истече рокот за поднесување на кандидатите за градоначалници и листите со кандидати за советници. Кој против кого на локалните избори, закажани за 15 - ти октомври.

Борба за Скопје и предизборни коалиции

Најголемо внимание во јавноста предизвикува битката за градот Скопје. ВМРО ДПМНЕ повторно ќе атакува со Коце Трајановска, СДСМ за свој адут го има Петре Шилегов. За Скопје ќе атакува и Нафије Селмани од Движење БЕСА.Освен, градот Скопје, клучни битки СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе водат и за скопските општини. Во Центар, откако Андреј Жерновски се откажа од трката по нов мандат, СДСМ на локалните избори ќе трча со Саша Богдановиќ, директорот на ЈП Паркинзи Центар. ВМРО ДПМНЕ обелодени дека во Центар ќе трча со Дејан Јовановски, поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец. Кисела Вода, ВМРО ДПМНЕ ќе трча со Јохан Тарчуловски, поранешниот хашки затвореник, а за противкандидат ќе го има Филип Темелковски од СДСМ. Општина Карпош, младиот Стефан Богоев, од СДСМ ќе се обиде да ја валоризира предноста од последните парламентарни избори во корист на неговата партија. Богоев за противкандидат го има Стевче Јакимовски, лидерот на ГРОМ, зад чија кандидатура застана ВМРО ДПМНЕ. Во Ѓорче Петров, следува дуел на Александар Наумовски од СДСМ против поранешниот министер за транспорт и врски од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Во Аеродром, Златко Марин од СДСМ на мегдан со Ивица Коневски од ВМРО ДПМНЕ. Иако, неофицијално, сепак се чини дека коалиционите партнери во Владата, особено СДСМ со ДУИ, имаат неформален договор за подршка на своите кандидати. Имено, ДУИ немаат свој кандидат за Скопје, а СДСМ во Чаир, па според информациите најверојатно се работи за предизборен договор. Во Чари, ДУИ ќе трча со Висар Ганиу, кој ќе се судри со пратеникот од БЕСА, Зекирија Ибраими..

Поголемите градови

Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Велес, Куманово, Струмица, Тетово, Гостивар, се само дел од поголемите градови каде ќе се водат интересни дуели.

Пратеникот Зоран Илиоски ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за Битола, соопшти партијата на својата интернет страница. По три изборни циклуси ова е првпат ВМРО-ДПМНЕ да кандидира друг битолчанец за градоначалник освен Владимир Талески. Илиоски во Битола за противкандидат ја има Наташа Петровска од СДСМ.  Во Охрид д-р Митко Тилевски од ВМРО ДПМНЕ излегува на мегдан противЈован Стојаноски од СДСМ. Интересна битка за градоначалничката фотеља ќе има и во Штип, Благоја Бочварски од Штип ќе се бори против актуелниот градоначалник Илчо Захариев, од редовите на ВМРО ДПМНЕ.  Во Прилеп, ВМРО ДПМНЕ ќа атакува со актуелниот градоначалник Марјан Ристески, а за противкандиат го има д-р Илија Јованоски од СДСМ.  Во Струмица дуел на двајца доктори Марјан Бајрактаров од ВМРО ДПМНЕ против Коста Јаневски од СДСМ. Во Велес, ВМРО ДПМНЕ ќе атакува со актуелниот градоначалник Славчо Чадиев, СДСМ со Аце Коцевски. Пратеникот Максим Димитриевски е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, додека ВМРО ДПМНЕ за свој адут го нуди пратеникот Зоран Ѓоѓеивски.

Албански политички кампус – интересни битки за Тетово, Струга и Гостивар

Во Тетово, лидерот на БЕСА, Биљал Касами ќе и се спротивстави на  актуелната градоначалничка од ДУИ, Теута Арифи. Во Струга, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села повторно ќе се кандидира за градоначалник, а негови противници че бидат Рамиз Мерко од ДУИ и Лавдрим Елмази од Движење Беса. Во Гостивар, министерот за здравство, Арбен Таравари ќе се кандидира за градоначалник. Негов противник од ДУИ ќе биде Невзат Бејта. Свои кандидати имаат и од УНИТЕТИ и НДП, нивни заеднички кандидат ќе биде Шпат Хусеини, додека за БЕСА ќе се трка кандидатот Асаф Адеми. 

Р.Ф

Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан