БИТКОИН ЛУДИЛО: Раст од 3.000 долари за ден, криптовалутата достигна нов рекорд
Објавено во: Економија 07 Декември, 2017
Молскавичниот раст на биткоинот продолжува и денес, додека највредната криптовалута секојдневно ги урива сопствените рекорди.
Откако премина 12 000 долари во средата, ден подоцна биткоинот достигна нов рекорд од дури 15 000 долари.
Пазарната капитализација на оваа дигитална валута достигна така 250 милијарди долари.
Еден од биткоин инвеститорите, Ранакај Јаин, ги советуваше малите вложувачи да не вложуваат повеќе од еден до три проценти расположливи средства во крипто валути.
Од друга страна, поголемите инвеститори, според негово мислење, би требало да вложат помеѓу 5 и 10 отсто пари кои ги имаат на располагање за инвестирање.
Според неговите зборови, новите инвеститори прво би требало да се потрудат да ја разберат технологијата и математиката пред да скокнат во играта.
Мајк Новогратс неодамна оцени дека биткоинот многу лесно можел да достигне и 40 000 долари до крајот на оваа година.
JUST IN: #Bitcoin hits new high of $15,000 https://t.co/gXtsZO1bKt
— RT (@RT_com) December 7, 2017