БИТКОИНОТ БЛИЗУ ДО „МАГИЧНАТА ГРАНИЦА“: Растот продолжува, експертите предупредуваат на еден детаљ
Објавено во: Економија 03 Март, 2021
Најпопуларната криптовалута во светот - биткоин, вчера утрото повторно се приближи до магичната граница од 50 000 долари. Околу 10 часот, оваа дигитална паричка вредеше 49.100 долари.
Во последните 24 часа, биткоинот забележа раст од околу 5 проценти, а тој имаше најголема вредност завчера, околу 1 час по полноќ, кога цената беше 50.076 долари. Оттогаш се движи претежно на ниво од 49.000 долари, што е нешто повеќе од претходниот ден.
Да ве потсетиме...
Минатата недела, биткоинот и скоро сите други дигитални валути претрпеа одредена корекција.
Претходниот викенд достигна рекордна вредност од 58.000 долари, што е двојно повеќе од влегувањето во 2021 година, но цената падна на 44.000 или 25 проценти помалку од рекордната во петокот.
Фокусот беше насочен кон големите купувачи на биткоин и сè започна со компанијата Тесла, која купи биткоини вредни 1,5 милијарди долари. Потоа дојде најавата од „Епл“ дека може да се случи истото.Трговците и експертите на пазарот за крипто валути исто така потсетуваат дека март е традиционално најлош месец за крипто-валутите.
Беа забележани слаби резултати од 2015 до 2018 година, како и од 2020 година, со падови од 15 до 60 проценти.
Фото: freepik.com