Биткоинот повторно падна - на која граница е сега?
Објавено во: Економија 24 Март, 2018
Биткоинот има пад под нивото од 9.000 долари.
Најпопуларната дигитална валута падна за 2,65 проценти до 8.659,46 долари според податоците на „Coindesk“. Биткоинот го загуби својот краткорочен максимум од 11.660 долари, што беше постигнат претходно овој месец.
Јапонската агенција за финансиски услуги планира да издаде предупредување против платформата за тргување со криптовалути „Binance“ поради тоа што оперира во земјата без регистрација, пренесе „Ројтерс“. Ако „Binance“ не го земе во предвид предупредувањето, агенцијата ќе ги извести органите за спроведување на законот.
Јапонската национална полициска агенција утврдила 149 случаи на хакерски напади лани, насочени кон криптовалутите, што општите загуби од нив се проценуваат на 662,4 милиони јени (6,3 милиони долари), вклучувајќи го претежно „рипл“.
За биткоинот имаше прогнози за негов раст, но и за драстичен пад.