16 Април, 2024
0.0247

Биткоинот „шпанско“ село за инвеститорите: Не знаат што е „блокчеин“, ниту „копање“ а купуваат криптовалути

Објавено во: Економија 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Бидејќи движењето на цената на биткоинот и достигнувањето на нови рекордни вредности сè уште е меѓу главните вести на многу медиумски куќи, оваа криптовалута привлекува се повеќе инвеститори секој ден.

Сепак, крипто-почетниците не истражуваат долго пред да започнат со копање или да инвестираат во биткоин, открива неодамнешното истражување на софтверската компанија Кардиф.

Податоците собрани од 750 инвеститори во истражувањето спроведено од 5 до 12 февруари, во период во кој цената на еден биткоин порасна од 37 000 на 47 000 долари, покажува дека само 16,9 проценти од инвеститорите кои ја купиле оваа дигитална монета „целосно ја разбираат“ вредноста и потенцијалот на криптовалутата, додека 33,5 проценти од клиентите или не знаат ништо за оваа област или нивното ниво на знаење е „во зачеток“.

Сепак, недостатокот на знаење или разбирање не ги спречи да ја купат таа виртуелна валута.

Истражувањето открива дека повеќе од 40 проценти од сите набавки на дигитални валути потекнуваат од нови инвеститори. Ова делумно се должеше на растечкиот тренд на прифаќање на биткоинот како платежно средство. Во изминатите два месеци, и PayPal и компанијата за финтек Сквер, ја додадоа на нивните платформи за плаќање преку Интернет.

Резултатите од истражувањето исто така покажуваат дека многу нови инвеститори во акцијата биле водени од страв да не ја испуштат можноста за заработка. Повеќе од една третина од испитаниците истражувале дигитални валути помалку од еден месец пред купувањето, а секој четврти клиент рекол дека тоа го сториле во надеж дека ќе профитира на краток рок.

Обемот на инвестиции во криптовалути во јануари годинава беше 23 пати поголем отколку во 2019 година, според Кардиф, каде просечната сума на износот за купување се зголеми на 1.212 долари, во споредба со само 432 долари истиот месец во 2020 година.

Излезот од овој вид инвестиции - односно продажба на крипто средства - учествуваше со 26,8 проценти во вкупните трансакции, што е намалување во споредба со учеството од 43,1 процент во 2019 година, кога еден биткоин вредеше нешто повеќе од 3.000 долари.

Но, не само што метеорскиот пораст на биткоинот привлече нови инвеститори во крипто-сферата, туку и позитивните коментари на јавните личности играа улога.

Од 750-те анкетирани инвеститори, нешто помалку од 180 изјавиле дека гледаат позитивно на доџкоин и сега имаат поголема веројатност да ги вложат своите пари во него, благодарение на бројните твитови на извршниот директор на Tesla, Илон Маск и неговите 48 милиони следбеници.

Всушност, твитовите на Маск за доџо, кои потекнуваат од мемото, помогнаа да стане трета најпопуларна крипто валута меѓу испитаниците, од кои 8,0 проценти ја имаат таа валута. Биткоинот и етериумот, чија комбинирана пазарна капитализација е над еден трилион долари, сè уште се најпопуларни.

Инвеститорите, сепак, немаат целосна доверба во крипто. Повеќе од половина од испитаниците се согласуваат во одговорот дека нивната најголема грижа е загубата на пари поради изразената нестабилност на цените на виртуелните валути, заклучува извештајот на Кардиф.


Извор: србијаданас.рс

Фото: freepik.co,

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?