Биткоинот стана губитник - ова е новата вредност
Објавено во: Економија 21 Ноември, 2018
Биткоинот губи од вредноста.
Вчера валутата се намали за 7%.
Цената на оваа крипто валута е на најниско ниво по подолго време. Крипто валутата има вредност под 5.000 долари, а последен пат била толку ниска во октомври лани. Сега цената на биткоинот продолжува да паѓа и е 4.528 долари.
Новата валута Bitcoin SV која излезе од поделба на BitcoinCash е оценета како ризична инвестиција дури и од берзата Kraken, пренесе BBC.
Секако секој пад на биткоин значително влијае на вкупната цена на крипто валутите и тоа секако е случај и сега. Главната причина за падот се оценува е намалениот ентузијазам на поддржувачите и речиси постојаните најави за регулација.Биткоинот имаше и цена над 14.000 долари, а според некои прогнози кои звучат амбициозно тој во иднина може да достигне вредност од 100.000 долари или над оваа сума.