Битола има најдебела снежна покривка
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2021
Најмногу снег синоќа падна во Битола.
Во овој град има снежна покривка 28 сантиметри, додека 13 има во Крушево, 12 Охрид, 7 Берово, Дебар, Претор, 6 Скопје-Петровец, 5 Тетово, 3 Кр.Паланка, Штип, Прилеп, Пожаране, 2 Струмица, 1 Скопје-З.Рид, Куманово и Демир Капија. Утрово најстудено со -13 степени беше во Битола, -11 Крушево, -9 Берово, Претор, Дебар, -8 Тетово, Охрид, Прилеп, Пожаране, -7 Ѓуриште, -6 Кр.Паланка, Виница, -4 Струмица, Куманово, -2 Скопје-З.Рид, Штип, Д.Капија, 2 Гевгелија.
Деновиве се очекуваат температури под нулата, но и врнежи од дожд и снег.