19 Април, 2024
0.0317

Битолска млекара и Пакомак донираат производи и лаптопи за децата од СОС Детско село за следење онлајн настава

Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Битолска млекара во соработка со Пакомак реализира донација во лаптоп компјутери и млечни производи за СОС Детско село. Доставени се лаптопи за непречено вклучување на младинците згрижени во СОС Детско село во онлајн наставата како и млечни производи што ги покриваат месечните потреби на програмата за грижа за млади.

Донацијата од Битолска млекара во соработка со Пакомак има за цел да помогне за воспоставување на што поуспешно одвивање на образовниот процес на далечина и за децата згрижени во СОС Детско село и да влијае во подобрување на нивното секојдневие. Оваа активност се одвива како дел од општествената одговорност на компаниите и нивниот постојан активен однос во општеството.

Донираните лаптопи се опремени со потребните перформанси и соодветно барањата на образовната платформа за да може да се исполнат условите за учење на далечина и за квалитетно и непречено одвивање на наставата.

„Со компаниите Битолска млекара и Пакомак имаме навистина прекрасна долгогодишна соработка. Тие се наши искрени пријатели кои секогаш ни помагаат независно дали за тоа има повод или не. За нас е од голема важност што и сега во ова време на криза и вонредни околности нивната поддршка продолжува. Ова е навистина благороден начин да се покаже добра и континуирана општествена практика и искрено верувам дека сите заедно ќе успееме вистински да ја пренесеме пораката за грижа за заедницата во секој домен од нашето делување“, рече Јулијана Накова Гапо, Национален директор на СОС Детско село.

СОС Детско село како дел од меѓународната мрежа на СОС Детски села Интернационал,  присутна во 136 земји во светот и посветена на заштита и примена на детските права, ја започна активно својата работа во 2000 година и досега има поддржано над 1200 деца, 500 млади и над 300 семејства во големи социјални ризици и останува посветенана својата работа со цел ’’НИТУ ЕДНО ДЕТЕ ДА НЕ РАСТЕ САМО“.

ПР текст

Можеби ќе ве интересира

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер