29 Март, 2024
0.0244

Битрикс најавува година на танцот: Шесто издание на интернационалниот фестивал Битрикс Танцова Лига’

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Танцовото студио Битрикс своите активности ќе ги започне со реализацијата на шестото издание на интернационалниот танцов камп и фестивал "Битрикс танцова Лига", кој во соработка со Министерство за култура, Делегација на ЕУ во нашата земја и Europe House Скопје ќе се одвива од 18-20 септември на сцената на "Долни Сарај", Охрид.

Во рамките на шестото издание на фестивалот ќе се реализираат 15 танцови работилници и три вечерни настани, меѓу кои: „Филмска вечер“ во рамките на која ќе се прикаже документарецот за хип-хоп културата кај нас „Сложувалка“ на Александар Ковиловски, втората вечер “All Styles Battle” -  битка во импровизација на солисти и третата вечер ќе биде посветена на младите кореографи и групи кои ќе се претстават со свои кореографии во рамките на “Young choreographers & Showcase Night”.


“Танцот е контактна дисциплина, се раѓа и живее поради енергијата која ја креираат повеќе лица на едно место, затоа и нашиот фестивал и камп носи посебна магија. Засега е единствениот кој собира огромна бројка на танчари на едно место со цел размена на знаење, искуства и практики. Оваа година, кампот ќе го реализираме од 18-20 септември под отворено небо на сцената на Долни Сарај во Охрид, следејќи ги протоколите за работа. Секоја година носиме гости предавачи од разни земји и континенти од светот. Досега имавме гости од Англија, САД, Холандија, Германија, Швајцарија, Италија, Украина, Естонија, Грција, Бугарија, Словенија, Србија, итн. Оваа година, за жал поради пандемијата нема да бидеме во можност да ги донесеме предавачите од Франција и Данска, но, нашите пријатели од Бугарија и Словенија ќе одржат предавања на сите учесници преку голем видео бим, а ќе успееме да ги донесеме тука предавачите од Србија. Со години работиме и на соработката помеѓу локалните артисти, па така покрај кореографиите од Битрикс Културен Центар, предавања ќе одржат и кореографиите од танцовите студија: АКВА, ВАЈБ, Абстракт од Скопје, One Way - Струмица и Соната - Охрид.


Битрикс, со својот силен тим, постојано се труди да им покаже со пример на младите дека упорноста и волјата секогаш се посилни од било кој предизвик, па затоа оваа година ќе биде посветена на создавање на танц за сите. Низ годините напорно работат на создавање услови за едукација на младите, како и креирање можности за надградување на младите во областа на танцот и перформативните уметности, а со тоа и даваат сопствен придонес во збогатувањето на културата кај нас.

Веднаш по кампот, во план е реализација на уште неколку активности кои имаат за цел да го вратат танцот во видикот на обичниот гледач и да зборуваат гласно за потребата тој да живее на сцената.


Предвидени се уште многу проекти во соработка со КСП "Јадро", Американската Амбасада, Францускиот институт, Општина Центар и ЕУ Инфо Центар при што целта на сите ќе биде да ги истакнат младите кои континуирано творат и работат на оваа сцена, како и да им се создадат можности за креација и афирмација. 

Битрикс танцовото студио се двократни светски вицешампиони, креатори на неколку претстави, меѓу кои и “Тишина” - претставата за подигнување на свесноста за семејното насилство, афирматори и силни поддржувачи на урбаната танцова сцена со голем број на реализирани проекти, како Битрикс Спешлс, Танцов Караван во соработка со УНИЦЕФ, како и единствениот танцов камп кај нас "Битрикс Танцова Лига".


Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV