23 Април, 2024
0.0263

БИЗАРНА ЖЕНА ЧУВАР ВО ЛОГОР: Еве што правела Ирма Гресе(Убавиот ѕвер)

Објавено во: Свет 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Жените чувари во нацистичките логори исто така биле брутални колку и мажите иако не биле толку познати.

Некои од нив предизвикувале повеќе страв од останатите чувари, а од околу 37.000 чувари, кои активно учествувале во претепувањето, мачењето и убивањето на луѓето во логорите, околу 10 отсто биле жени.

Повеќето од нив не ја избегнале правдата, па се погубени веднаш после војната, а една од најлошите била Ирма Гресе, чуварка во логорите Аушвиц и Берген-Белсен.

Ја викале “Хиена“, а понекогаш и “Убавиот ѕвер“, а прекарот го добила поради бруталните методи кои ги применувала врз логорашите. Сведоците на судењето раскажале како луѓето ги претепувала до смрт. Нејзините досега необјавени фотографии се пронајдени во архивата на историските материјали кои ги составил британскиот правник Лео Ген додека во 1945 година работел како помошник обвинител на судењето во Лунебург.

Архивот е продаден за 5.500 фунти.

-Голем дел од вредноста е поврзана со Лео Ген, познатиот театарски и филмски актер, поранешен помошник на обвинителот на судењето во Белсен. Тука спаѓаат и личните работи, као што се неговите ознаки за идентитетот, но уште поважни се неговите копии од изјавите на сведоците и белешките во текот на судењето. Архивот опфаќа изјави на сведоците од логорот, но и чуварите, откривајќи ги ужасите кои се случувале зад затворени врати, за кои светот дотогаш не бил свесен, изјавил Николас Туви од универзитетот Вашингтон.

“Заштитниот знак“ на Ирма бил камшикување со кожен камшик. Логорашите ги камшикувала садистички по гола кожа. Гресе била со прилично нарушено ментално здравје.

Доаѓала од семејство кое имало долга историја на душевни болести.Нејзината мајка се убила откако испила киселина, кога дознала дека сопругот ја изневерува со собарката. Бидејќи не била многу интелигентна, на 14 години го напуштила училиштето, каде што често била изложена на малтретирање од останатите деца и се зачленила во нацистичката младина „Лига на германски девојки“.

Многу брзо им се допаднала на водачите, па во 1942 година станала чуварка во Аушвиц. Била позната по тоа што откако ги камшикувала затворениците, мастурбирала додека лекарите им ги преврзувале повредите кои таа им ги нанела. Освен тоа, во логорот имала бројни љубовни афери со чуварите. Во една од тие афери останала бремена, па натерала еден од мачениците во логорот, кој бил лекар, да и направи абортус. За ирма на судењето после војната сведочеле бројни поранешни логораши, кои раскажале како на нив ги пуштала своите агресивни и изгладнети кучиња. Ирма Гресе била осудена на смрт со бесење, а нејзиното судење траело со денови.


Можеби ќе ве интересира

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија