20 Април, 2024
0.0268

Бизнис бомбона! Колку пари прават испитните центри за возачи?

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Друштвата кои ги спроведуваат теоретските и практичните испити за идни возачи имаат профитни маргини на кои можат да им позавидат многу компании. Личи дека и со оваа реформа нашата држава направи „сиви зони“ на многу комотни позиции за поединци кои успеаја да добијат лиценци „вредни суво злато“..... прочитајте ги расположливите податоци за лани и претходната година за дел од друштвата

Реформите во многу општествени сектори и области прават на некои да им се стемни додека на други им се разденува. И во тој поглед реформите носат разлики и новитети. А дали реформите носат квалитет и подобар животен стандард, повеќе безбедност и ниво на живеење .... тоа е дискутабилно.

Во овој текст редакцијата „Фактор“ прави обид во најкратки црти преку паричните токови да ви ги долови реформите во полагањето на возачките испити. Порано полагањето за возачка дозвола, барем од најпопуларната Б категорија беше поединоставно и секако поевтино.

Сега со реформите во нашето општество оваа дејност ја добија фирми кои ги лиценцира државата и тие се монополи во дејноста во која работат, а тоа се организацијата на теоретските и практичните испити за стекнување возачки дозволи.

Од расположливите податоци од базите и регистрите на ЦРМ за оваа дејност може да се најде тоа дека фирмите кои ја обавуваат се регистрирани под шифрата 85.59 со образложение „друго образование неспомнато на друго место“.

Заедничко на компаниите кои од државата ги добиле лиценците за организирање на полагањето за идни возачи е во називите на фирмите да им пишува „Сообраќаен испитен центар“. Споредбата покажа дека заедничко им е и тоа што заработуваат солидно, а профитите се со двоцифрено процентуално учество од приходите од продажба.

Очекувано, најголеми се приходите на скопското друштво „Авто испитен центар ДООЕЛ“ со седиште во општина Гази Баба. Лани приходот на ова друштво е 1,55 милиони евра и верувале или не во однос на 2018 година приходот е поголем за 3,7 пати! Профитот на друштвото лани изнесува 207.000 евра, а резултатот е неспоредливо подобар од 2018 година кога работеле со загуба. Профитната маргина е 13 отсто. Сопственик на ова друштво е Виктор Серафимов.

Во Струмица и тој регион дејноста за полагање возачки испити ја организира друштвото Испитен центар Струмица ДООЕЛ“. Ова друштво лани инкасирало приходи во износ од 371.000 евра што е за два пати повеќе од 2018 година. Добивката на друштвото е 53.000 евра и во споредба во 2018 година е поголема за три пати повеќе. Како профит остануваат 14 отсто од приходите на друштвото. Сопственик е Стојан Иванов.  

Тетовскиот организатор на возачки испити се вика „Испитен центар Њу Драјвер“. Лани оствариле приход од 616.000 евра и тоа е за 44 отсто повеќе од претходната година. Добивката е 204.000 евра и во споредба со 2018 година е поголема 2 пати во однос на претходната година. Од приходите на тетовскиот испитен центар една третина останува како профит.

Во охридскиот регион работи друштвото „Испитен центар Современ возач –ДОО“. Лани друштвото остварило приход од 294.000 евра и добивка од 84.000 евра.Приходите пораснале за 20 отсто во споредба со 2018 година, а добивката за 15 отсто. Профитната маргина на ова друштво лани била 28,5 отсто.Сопственици се Никола Кукоски и Крсте Митрески.

Во Битола работи друштвото „Сообраќаен испитен центар АМ ДООЕЛ“. Лани нивниот приход изнесува 476.000 евра и тоа е за 25 отсто повеќе од 2018 година. Добивката е 95.000 евра. Профитот на друштвото лани пораснал 16 пати во однос на 2018 година. Од остварените приходи лани 20 отсто останале како чиста добивка. Сопственик е „АутоМакедонија“ од Скопје.

Во источниот регион оперира штипската компанија „Исток возач ДОО“. За компанијата нема финансиски податоци за лани и за претходната година. Сопственици се Александар и Славко Митеви.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите